Светскиот економски форум ја рангираше Македонија на 60-то место според Глобалниот индекс на конкурентноста. Од вкупно 140 земји, земјава забележа скок од три места во споредба со лани, а 34 споредено со 2007-та година.
Вести
-
Економија 30.09.2015 15:56
-
Економија 30.09.2015 15:46
Нов производ на осигурителниот пазар
Спојување на животното осигурување и вложување во инвестициски фонд. Нов производ на македонскиот осигурителен пазар. Граѓаните што животно ќе се осигурат, истовремено стануваат инвеститори во хартии од вредност на реномирани светски компании.
-
Култура 30.09.2015 15:39
Поголема заштита на авторските права
Софтверот за контрола на емитуваните дела треба да воведе ред и транспарентност во исплатата на надоместоците за авторите. Обврска да го инсталираат имаат двете организации за колективно управување на авторските права –здруженијата ЗАМП и Македонската музичка индустрија.
-
Македонија 30.09.2015 15:21
Средба Попоски- Лавров во Њујорк
Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, имаше средба со министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров, соопшти денеска македонското МНР. -
Македонија 30.09.2015 15:19
Ставрески: Законот и системот е еднаков за сите општини
На дебатата во Парламентот за измените во Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, опозициската СДСМ рече дека постоеле опструкции од Министерството за финансии за добивање согласност за кредит од Светска банка за Општина Струмица.
-
Македонија 30.09.2015 15:03
Скопје- вело град до 2017-та
Град Скопје годинава го промовираше проектот „Скопје вело град до 2017-та“. Со него треба да се направат 4 велосипедски рути за подобрување на условите за возење велосипед во Скопје.
-
Свет 30.09.2015 14:51
Авганистан: Контраофанзивата врз стратешкиот град Кундуз
Специјалните сили на НАТО пристигнаа во Кундуз како поддршка на авганистанската војска во контраофанзивата врз стратешкиот град Кундуз. Во изминатите 24 часа градот беше цел на американски воздушен напад, за да се елиминира заканата против коалициските и авганистанските сили.
-
Економија 30.09.2015 14:48
Расте бројот на работниците во индустријата
Бројот на работниците во индустријата во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи раст од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. -
Македонија 30.09.2015 14:35
Метео: Поголемо затоплување за викендот
Почетокот од октомври ни носи сончево стабилно и потопло време во однос на досегашното со мала локална облачност и повисоки температури чиј благ пораст ќе го почуствуваме уште од утре.
Поголемо затоплување ќе имаме за време на викендот.
-
Економија 30.09.2015 13:07
Македонија напреднува на листата најконкурентни економии на светот
Светскиот економски форум ја рангираше Македонија на 60- тото место според Глобалниот индекс на конкурентноста. Споредено со 2007-ма, Македонија е понапред 34 места.










