Нема најава ниту пријава од превозниците за претрпени штети од блокадата на Српско- хрватската граница. Од Министерството за економија велат подготвени се за кое било сценарио.
Вести
-
Економија 29.09.2015 13:42
-
Македонија 29.09.2015 13:23
Одложен стартот на судењето за случајот „Јустиција“
Во Кривичниот суд, одложено рочиштето за „Јустиција“. Обвинети се судии од одделот за прекршоци, за намерно чување предмети во фиока до нивното застарување. Причина- болест на неколкумина од обвинетите.
-
Македонија 29.09.2015 13:19
Водата во Струга исправна за пиење
Водата од градскиот водовод во Струга е исправна за пиење, и забраната за користење ќе биде тргната денеска.
Според директорот на охридскиот Центар за јавно здравје, Атанаско Михаилов, петте последователни анализи на примероци од струшкиот водовод покажале отсуство на патогени материи.
-
Економија 29.09.2015 11:44
Ставрески: Растот на индустријата показател за добрите економски политики
Растот во индустријата во август од 12,7 проценти е знак дека македонската економија се наоѓа на добра патека и дека годинава ќе заврши со добар економски раст. -
Свет 29.09.2015 11:37
Најмалку две лица загинаа во „супер тајфун“ на Тајван
На Тајван најмалку две лица загинаа, а 300 се повредени во „супертајфунот“ Дујуан, кој изутрината го погоди источниот брег на Кина. Бурата беснеела во текот на ноќта во северниот дел на Тајван, каде околу половина милион луѓе останале без електрична енергија.
-
Свет 29.09.2015 11:33
Франција ќе продолжи со нападите врз ИД во Сирија
Францускиот министер за одбрана соопшти дека Франција ќе продолжи со воздушните напади врз позиции на Исламска држава во Сирија, откако земјата бомбардираше камп за обука на џихадисти.
-
Свет 29.09.2015 11:30
Кина: 8.000 нови војници во мировните сили на ОН
Кинескиот претседател Кси Џинпинг изјави дека Кина ќе даде 8.000 војници во мировните сили на ОН со што ќе стане најголем учесник во мировните мисии, за кои над 50 држави најавија 30.000 нови војници и полицајци.
-
Економија 29.09.2015 10:56
На барање на граѓаните, „Купи куќа, купи стан“ утре во Свети Николе
На барање на граѓаните утре караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе одржи презентација во Свети Николе.
-
Македонија 29.09.2015 10:46
Органски производи на саемот „Агрофуд“
65-от меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд“ ќе се одржи од 1-ви до 4-ти октомври. Новитет ќе биде понудата на органски производи исклучиво од македонски производители, што се одгледани според најстрогите законски стандарди.
-
Свет 29.09.2015 10:35
По две години прва средба на Обама - Путин
Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин по две години за време на годишната седница на Генералното собрание на ОН, одржаа 90-минутна средба на која разговарале за состојбата во Украина и во Сирија.










