Вести
-
Економија 25.09.2015 11:40
Вицепремиерот Ставрески во посета на струмичкиот регион
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска ќе го посети струмичкиот регион.Предвидено е тој да ги посети компаниите „Паралидови“ ДООЕЛ и „Мајстор Компани“ во село Босилово во истоимиената општина. -
Македонија 25.09.2015 11:37
Македонец почина во затворот во Детроит
Македонецот Давид Стојчевски почина во затворот во Детроит откако за 17 дена од затварањето ослабел 25 килограми.
Минатата година направил сообраќаен прекршок поради што требал да плати глоба од 750 долари, но бидејќи немал пари, судот му изрекол казна затвор од еден месец.
-
Свет 25.09.2015 11:24
Состанок Путин – Обама во понеделник во Њујорк
Кремљ вчера соопшти дека претседателот на Русија, Владимир Путин в понеделник ќе одржи средба со американскиот колега Барак Обама во Њујорк каде што обајцата ќе одржат говор на годишното Генерално собрание на Обединетите Нации.
-
Економија 25.09.2015 11:14
Делев: Преземаме мерки за проблемот со македонските камионџии
Македонското МНР испрати нота и писмо до официјален Загреб поради блокирањето на македонските камиони на Српско- хрватската граница.
-
Македонија 25.09.2015 10:57
Охридскиот совет ја усвои физибилити студијата за изградба на марина
По бурна расправија охридските советници ја усвоија физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште.
-
Македонија 25.09.2015 10:36
Домашното производство на свинско месо обезбедува само половина од потребите
Домашното производство на свинско месо ги обезбедува само половина од потребите на пазарот кои изнесуваат 40.000 тони.Поголем дел од сежото месо доаѓа од фармите, а месната индустрија за своите потреби увезува замрзнато свинско месо.
-
Свет 25.09.2015 10:20
Клучни решенија за иднината на НАТО на самитот во Варшава
Случувањата во последнава година, бегалците во Европа, опасностите од Исламската држава и тероризмот, зголемата улога на Русија, бараат земјите членки на НАТО да усвојат нова стратегија за одговор на заканите на денешницата.
-
Македонија 25.09.2015 09:59
Денес врнежливо и облачно, викендов променливо време
Времето во текот на денов ќе биде врнежливо и облачно, а викендов променливо со температури до 26 степени.
-
Македонија 24.09.2015 17:32
Невреме во Скопје, врнежи и во текот на ноќта
Невреме со поројни врнежи од дожд, град, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје.
Нестабилното време и влажната воздушна маса од Медитеранот ќе ја зафатат цела Македонија, најавија од УХМР.
-
Македонија 24.09.2015 17:22
Се решаваат проблемите со платите во Македонски железници
Се реализира договорот меѓу менаџментот и синдикатите на вработените во МЖ-Транспорт. За кратко време на вработените им се исплатени вкупно 114 милиони денари. Целосно се исплатени обврските за јуни и јули како и половина од августовската плата.










