Светска банка оценува- закрепнува економскиот раст во шестте земји на Југоисточна Европа, растат и предизвиците. Клучен двигател се јавните инвестиции, намалувањето на цената на суровата нафта и зајакнатата надворешна побарувачка.
Вести
-
Економија 28.09.2015 15:17
-
Економија 28.09.2015 14:30
Поедноставна постапка за утврдување на меѓите
Без геодетски елаборат и договор за физичка делба, само со изјава за согласност од засегнатите, заверена на нотар за 150 денари од потпис. Законот за катастар на недвижности ќе претрпи измени кои треба да го олеснат процесот за утврдување меѓи на земјиште кое има сосопственици.
-
Македонија 28.09.2015 14:26
ФЗОМ отвора кол центар за директна комуникација со осигуреницитие кои имаат хронични болести
Фондот за здравство од идниот месец преку кол центар ќе комуницира со осигурениците кои се хронично болни од кардиолошки, бубрежни заболувања и дијабетес. Ќе ги потсетуваат овие болни за сите потребни прегледи кои треба да ги извршат во текот на годината.
-
Свет 28.09.2015 14:01
Полициска акција во БиХ, се апсат високи функционери
Во неколку градови во Босна и Херцеговина во тек е полициска акција, а меѓу уапсените има високи функционери. Со злоупотреба на исплатата на земјоделски субвенции се поврзуваат пратеник и министерот за трговија од тузланскиот кантон.
-
Македонија 28.09.2015 13:37
Одбележан меѓународниот ден за слободен пристап до информации
Под мотото „Имам право да знам“ е одбележан Меѓународниот ден за заштита на правата на слободниот пристап до информации од јавен карактер, во соработка со мисијата на ОБСЕ.
-
Македонија 28.09.2015 13:28
Зголемен интересот за неформално образование
Се зголемува интересот за неформално образование во земјава. Од 2012-та се верификувани 133 програми за доквалификација. Преку организирање обуки, се повеќе од компаниите се обезбедуваат со дефицитарен кадар.
-
Македонија 28.09.2015 13:24
Пензионерите задоволни од повисоките пензии
Се зголемува и просечната пензија во Македонија. Од досегашните 202, на 213 евра. Пензионерите задоволни од новото покачување. Со септемвриските примања, 621 денар повеќе на сметка.
-
Култура 28.09.2015 13:20
Од среда почнува „Вино скоп 2015“
Од 30-ти септември до 4-ти октомври, ќе се одржи „Вино скоп“ - фестивал на виното и музиката. Кај спортскиот комплекс „Борис Трајковски“, дваесетина винарии ќе ги презентираат своите производи. Присутните ќе ги дегустираат најдобрите македонски вина.
-
Економија 28.09.2015 12:38
Кратово и Берово добија европски пари за инфраструктурни проекти
Потпишани се првите договори за грант средства од ИПА програмата наменета за општините. Неповратни 385.000 евра пари добија општините Берово и Кратово. Парите ќе бидат наменети за рурален развој, изградба на улици и локални патишта. Целта е подобрување на руралната инфраструктура.
-
Свет 28.09.2015 12:09
Евакуирани жители и откажани летови, се приближува тајфунот Дујуан
Над 90 авионски летови се откажани на јапонскиот остров Окинава поради приближувањето на моќниот тајфун Дујуан. На островите Јонагуни и Ишигаки се евакуирани околу 300 жители, а над 100 домаќинства останале без струја.










