Најмалку 200 луѓе со маски на главите упаднале во зградата на локалната власт во Харков на истокот на Украина. Според првичните сознанија, напаѓачите се припадници на радикалниот баталјон Азаров, кој неодамна е расформиран.
Вести
-
Свет 23.09.2015 14:13
-
Свет 23.09.2015 13:57
Поради скандалот, Фолксваген изгуби 23 милијарди евра од вредноста
Скандалот поврзан со концернот Фолксваген предизвика поведување неколку кривични истраги.
-
Македонија 23.09.2015 13:49
Хан: ЕУ ќе им помага на Македонија и Србија, тие се жртви на мигрантската криза
Европската унија ќе им помага на земјите од Западен Балкан, на Македонија и Србија – кои се жртви на мигрантската криза, порача еврокомесарот Хан пред денешниот состанок на Советот. Министрите за внатрешни работи на Европската Унија договорија да прифатат 120 илјади бегалци од Италија и Грција.
-
Култура 23.09.2015 13:32
Публикувани копии од важни историски и културни документи за Македонија
Од богатата ризница на архивски материјал што се чува во депоата на Државниот архив, пет наслови се публикувани во нова едиција на копии од документи верни на оригиналот. Сведоштва за остварување на вековниот идеал на Македонците за слободна и независна Македонија.
-
Македонија 23.09.2015 13:25
Соработка помеѓу хидрометеролошките управи од регионот
Метеоролошките управи на земјите од регионот договорија размена на податоци и создавање виртуелен центар. За почеток ќе се реализира електронско вмрежување на сите центри, а потоа ќе се креираат регионални тимови кои ќе работат на конкретни области.
-
Економија 23.09.2015 13:21
НБРМ: Расте штедењето на граѓаните и приватниот сектор
Расте штедењето на населението и на приватниот сектор. Според најновите податоци на Народната банка, заклучно со август, вкупното салдо на депозитната база изнесувало над четири милјради 730- тина илјади, и во однос на јули е регистриран пораст.
-
Македонија 23.09.2015 13:21
Честитка од претседателот Иванов по повод Курбан Бајрам
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод верскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија. -
Македонија 23.09.2015 13:18
Попоски- Црнадак: Договор во 6 точки за унапредување на билатералната и регионалната соработка
Министрите за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски и на БиХ, Игор Црнадак, постигнаа договор од 6 точки преку кои ќе ја унапредуваат билатералната и регионалната соработка.
-
Економија 23.09.2015 13:01
Ставрески: Странските инвестиции и „Македонија вработува“ отворија над 20.000 работни места
На краток рок во следните шест месеци ќе има близу 4.000 нови вработувања во фабриките на странските инвеститори. Следните години се очекуваат над 20.000 вработувања согласно предвидувањата на Светска Банка и на ММФ, но и на Владата.
-
Свет 23.09.2015 12:10
Големо невреме во Бодрум и Родос
Големо невреме во турскиот туристички град Бодрум. Поројните дождови поплавиле голем број куќи и ресторани, а улиците наликувале на езера.










