Милениумските цели на Обединетите нации придонесоа за намалување на сиромаштијата во светот. Но трговската размена денеска е двапати помала отколку пред 15 години и економскиот раст е сеуште мал.
Вести
-
Економија 23.09.2015 10:57
-
Македонија 23.09.2015 10:50
Интерес за отворање винарски визби
Од некогашните 86 регистрирани винарски визби годинава има 74. Намалувањето е поради построгите законски услови за производствените капацитети и опремата, и исполнувањето на обврските кон лозарите.
-
Економија 23.09.2015 10:43
Карванот „Купи куќа, купи стан“ во Велес
Караванот „Купи куќа, купи стан” денеска ќе биде во Велес. Сите заинтересирани за проектот можат да дојдат на презентацијата која ќе ја одржи Министерството за финансии во зградата на Општината во 17:00 часот . -
Македонија 23.09.2015 08:45
Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Охрид-Кичево
На патниот правец А2 Охрид – Кичево (планински премин Пресека – с.Врбјани) поради изведување градежни работи на пат (минирање), денеска помеѓу 13:00 и 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 до 20 минути.
-
Македонија 23.09.2015 08:41
Министерот за надворешни работи на БиХ во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. -
Македонија 23.09.2015 08:38
Пратенички прашања на собраниска седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 66-тата седница.
На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.
-
Свет 22.09.2015 17:35
Фолксваген повлече половина милион возила
Америка му врати на Фолксваген половина милион автомобили. Наводно илегално инсталирале софтвер за лажирање на тестови за издувните гасови од колите. Привремено е стопирана продажбата на дизел возилата со мотори со четири цилиндри во САД, а нема да се продаваат ни половни возила од тој тип.
-
Македонија 22.09.2015 17:29
Реализација на проекти во Битолско
По 30-тина години, реконструкција на патот Битолa – Ресен – Буково. Оваа делница е долга 27 километри. Планот е магистралата да биде завршена за една година.
-
Економија 22.09.2015 17:23
Почна изградбата на фабриката на „ОДВ Електрик“- инвестицијата е вредна 15 милиони евра
Почна изградбата на првата фабрика во технолошко- индустриската зона во Охридско- струшкиот регион. Се работи за инвестицијата на германската компанија „ОДВ Електрик“ вредна 15 милиони евра, која во наредниот период треба да вработи 1.000 луѓе.
-
Економија 22.09.2015 16:56
Ставрески: На жителите од Дебарца им исплативме 4,3 милиони денари оштета од град
На 321 жител од општина Дебарца денеска и вчера исплатени им се 4,3 милиони денари надомест за штетите од град кои се случија пред неколку години. Ова денеска во Охрид го изјави вицепремиеорт и министер за финансии Зоран Ставрески.









