Покрај богатиот род и добриот квалитет годинава, лозарите очекуваат и добра цена на винското грозје. Доколку се почитува договореното со поголемите винарски визби, плаќањето треба да биде по шеќерни единици.
Вести
-
Македонија 15.09.2015 10:42
-
Македонија 15.09.2015 10:07
Постигнат договор за специјален јавен обвинител
Обвинителката од Гевгелија, Катица Јанева, ќе биде специјален јавен обвинител. Таков договор постигнаа четирите партии по маратонските преговори што траеја до раните утрински часови.
-
Македонија 15.09.2015 08:55
Почнува новата академска година
На државните универзитети во Македонија денеска почнува новата академска 2015/2016 година.
За новите студенти ќе биде организиран прв академски час на факултетите, а на некои од нив ќе присуствуваат ректорите на универзитетите и претставници од ресорното Министерство.
-
Македонија 15.09.2015 08:50
Претседателот Иванов во дводневна официјална посета на Црна Гора
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска е во дводневна официјална посета на Црна Гора.
-
Македонија 14.09.2015 17:36
Објавен новиот оглас за вработување професионални војници во АРМ
Министерството за одбрана го објави јавниот оглас за прием на 125 професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија. Пријавувањето трае до 27-ми овој месец.
-
Економија 14.09.2015 17:11
„Кондево“ почна да гради фабрика во зоната во Штип
280 работници ќе се вработат во погоните на италијанската фабрика „Кондево“. По само еден состанок со македонските министри одржан во Палермо, брендот од Сицилија донел одлука да инвестира 30 милиони евра во Македонија.
-
Свет 14.09.2015 16:45
Мигрантската криза кулминира
Мигрантската криза достигна кулминација, земјите од Европа соочени со бранот бегалци свртеа нов лист. Унгарија од утре ја затвара границата со Србија. 4.300 војници ќе бидат распоредени, со дозвола да употребат сила доколку мигрантите нелегално влегуваат.
-
Македонија 14.09.2015 16:34
Прв академски час за идните студенти
На сите факултети во земјава утре ќе биде одржан првиот академски час за идните студенти. На свеченоста ќе присуствуваат и повозрасните колеги. На Филошкиот факултет утре очекуваат околу 500 студенти.
-
Македонија 14.09.2015 16:27
Стипендии од енергетските компании за најдобрите студенти на ФЕИТ
14 студенти на Електро-техничкиот факултет станаа стипендисти на најголемите енергетски компании. Покрај финансиската поддршка во ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН, студентите ќе одат и на практична работа со ментори.
-
Македонија 14.09.2015 16:12
Бранот мигранти не стивнува- за еден ден над 6 илјади низ Македонија
Кога во времето на Југославија дошол од Сирија да студира медицина, никогаш не помислил дека еден ден ќе треба да му помага на својот народ на ваков начин. Сириецот Абдула, кој долги години работи како лекар во Црвениот Крст на Македонија, со болка во душата ја преживува оваа бегалска криза.










