Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре, на места со мала облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
Температурата ќе достигне до максимални 30 степени.
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре, на места со мала облачност и слаб југоисточен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба утринска магла.
Температурата ќе достигне до максимални 30 степени.
Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа издало 2.413 потврди, од нив 1.480 се од машки пол, 288 се од женски, 504 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 141 дете кои патуваат без родител, за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на
Пораст во сите сегменти на функционирање на осигурителниот сектор е остварен во првата половина од 2015 година. Позитивен тренд има и во осигурувањето на живот и во неживотно осигурување, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување.
Фестивал на органска храна ќе се одржи денеска во општина Ѓорче Петров, на која ќе учествуваат 15 произведители на здрава-органска храна од Република Македонија.
До 15 септември ќе бидат исплатени налозите за штетите од поплавите во општина Струмица, а исплатата за таа намена ќе продолжи и во останатите општини, информира вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, пишува МИА.
Под силно полициско обезбедување, скопска Апелација на јавна седница почна со разгледување на жалбите на осудените во „Монструм“.
Родителите да внимаваат кому го доверуваат детето да им го чува, додека се на работа, предупредуваат социолозите. Посочуваат дека најчесто се несвесни за ризиците и можат да преживеат хорор како оној што деновиве ја потресе јавноста. Изборот треба да се сведе на дадилки со лиценца или градинка.
Македонската телевизија е овде некаде околу половина час. Запознавме многу луѓе, испративме многу групи. Овој пат, не остана празен ниту за еден момент. Постојано поминуваат мигранти кои пешачат за да стигнат до својата посакувана цел во Европа.
11-мина се приведени во регионална полициска акција за сузбивање на група нарко дилери во Македонија, Србија и Албанија. Петмина се уапсени кај нас. Набавувале кокаин, хероин и марихуана преку разработени канали. Биле следени подолг период, информираат во МВР.