Најновата премиера на битолскиот народен театар „Тајното оружје“ во режија на велешанецот Ненад Витанов е праизведба на текстот напишан од нашиот драматург Братислав Димитров.
Вести
-
Култура 11.09.2015 12:16
-
Свет 11.09.2015 12:06
БИ- БИ- СИ: Исламска држава произведува и употребува хемиско оружје
Џихадистите од Исламска држава произведуваат и употребуваат хемиско оружје во нападите во Ирак и Сирија, објави БИ- БИ- СИ, повикувајќи се на американски функционер.
-
Свет 11.09.2015 12:03
Тројца загинати, 25 лица исчезнати во катастрофалните поплави во Јапонија
Се уште трае спасувачката акција во најпогодените области во источна Јапонија. Во акцијата се вклучени повеќе од 50 хеликоптери и 6.000 спасувачи. Илјадници луѓе се евакуирани во текот на ноќта.
-
Свет 11.09.2015 11:43
14 години од терористичкиот напад на кулите Близначки
Соединетите Американски Држави ја одбележуваат 14-годишнината од терористичкиот напад на кулите близначки, во кој животот го загубија речиси 3 илјади лица.
-
Македонија 11.09.2015 11:31
Исплатени 37,4 милиони денари за млеко на 1.791 сточари
Владата денеска исплати субвенции за овчо, кравјо и козјо млеко во износ од 37,4 милиони денари. Средствата се исплатени на сметките на 1.791 сточари, соопштуваат од Министерството за финансии.
-
Економија 11.09.2015 11:24
Расте бројот на превезени патници на аеродромите
Раст од над 18 отсто на бројот на превезени патници на двата аеродроми во земјава во периодот од јануари до август, споредено со истиот период лани, покажуваат податоците на Министерството за транспор и врски.
-
Свет 11.09.2015 10:55
Невреме во Албанија, поплави во Валона и Саранда
Невреме ја зафати во Јужна Албанија. Во областите на приморските туристички градови Валона и Саранда се регистрирани поплави.
Локалните власти известуваат дека водата на некои места достиганала и до три метри, при што се поплавени улици и продавници.
-
Македонија 11.09.2015 10:52
Од понеделник почнува чистењето на Црна Река
Од понеделник почнува чистењето на Црна Река во должина од 30 километри, најавуваат од Општина Новаци. Чистењето кое вклучува и санирање на 12 пропусти, ќе почне од местото Трој Крсти кај Прилеп, па се до село Брод, кое се наоѓа до самата граница со Грција.
-
Македонија 11.09.2015 10:48
Најмногу дожд во Гевгелија, од утре постепен пораст на температурите
Денеска дожд, утре постабилно и сончево најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на ноќта, во земјава се регистрирани врнежи од дожд, најмногу во Гевгелија, каде се измерени 54 литри воден талог на метар квадратен.
-
Македонија 11.09.2015 10:41
Безбедно складирање на отпадоците од кланиците
За да се намали здравствениот ризик од потенцијалните опасности за луѓето и добитокот, собирањето, транспортот и складирањето на отпадот од животинско потекло мора да се врши во соодветни услови.










