Намалувањето на девизните резерви е проектирано од Народната банка согласно потребите за сервисирањето на надворешниот долг на државата во 2015- та.
Вести
-
Економија 09.09.2015 16:47
-
Свет 09.09.2015 16:34
Австралија и Латинска Америка подготвени да прифатат бегалци
Повеќе земји на Латинска Америка се подготвени да примат мигранти кои бегаат поради судирите на Блискиот Исток. И Австралија е подготвена да прими 12.000 бегалци.
-
Култура 09.09.2015 16:31
Почна снимањето на францускиот филм „А Фонд“
Падна првата клапа од снимањето на францускиот филм „А Фонд“.
-
Свет 09.09.2015 15:16
Меркел бара квоти за бегалците без горна граница
Германската канцеларка Ангела Меркел побара од ЕУ да се потпише договор за пропорционална распределба на бегалците без ограничување на нивниот број. Со ова таа отиде многу подалеку отколку планот на Европската комисија.
-
Економија 09.09.2015 15:07
Нов модерен трговски и бизнис центар во Ѓорче Петров
Во најурбаниот дел на Ѓорче Петров ќе никне модерен трговски и бизнис центар. „Емпорио“ ќе се простира на 30 илјади квадратни метри и на овој простор ќе се изгради и новата општинска зграда. Инвеститорот ќе вложи 30 милиони евра, а градежните работи се во тек.
-
Македонија 09.09.2015 15:05
Осветена камбанаријата на црквата „Св. Константин и Елена“
Дванаесет ѕвона ќе одекнуваат од црквата „Св. Константин и Елена“. Вековит повик за секојдневните, неделните и празничните богослужби, како и за богоугодни настани. Најголемото ѕвоно е 8,5 тони. Камбанаријата е излеана во Австрија. Руски проектант го изработил сетот на ѕвона.
-
Македонија 09.09.2015 15:03
Иванов: Македонија да стане членка на НАТО
Интегририрање во НАТО и решавање на македонското статус- кво во однос на членството. Ова се очекувањата на земјава од престојниот самит на Алијансата во Полска во 2016-та година. Иванов за членството очекува поддршка и од полскиот колега Анджеј Дуда.
-
Македонија 09.09.2015 14:47
Еден загинат во сообраќајка на патот Охрид- Струга
Во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу 10 часот се случи на стариот регионален пат Охрид-Струга во близина на Подмоље, животот го загуби 26-годишна жена.
-
Македонија 09.09.2015 14:31
Метео: Утре облачно и врнежливо
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно и врнежливо време проследено со ретка појава на грмежи.
На места врнежите ќе бидат пообилни, локално се очекува да наврне над 30 литри на метар квадратен, особено во западните региони од земјава.
-
Свет 09.09.2015 14:04
На мигрантите пукале со огнено оружје блиску до брегот на Грција
Во очекување политиката да ја реши нивната судбина, илјадници бегалци секојдневно се среќаваат со се подраматични ситуации. На еден чамец пренатрупан со бегалци, блиску до брегот на Грција е пукано од огнено оружје.










