„Правилата да се уживаат, обврските да се почитуваат“ – стартува кампања за подигање на свеста на граѓините за нивните права и обврски, и развојот на полициското работење во почитувањето на човековите права.
Вести
-
Македонија 10.09.2015 15:04
-
Македонија 10.09.2015 14:58
Владата ги усвои измените за ин витро оплодување за трето и четврто дете
На денешната владина седница помина предлогот за бесплатно ин витро оплодување за трето и четврто дете.
-
Економија 10.09.2015 14:55
Ставрески: Буџетот во одлична кондиција, обврските навремено се извршуваат
Буџетот е во одлична кондиција, буџеските приходи се повисоки за 13,5 проценти во однос на 2014 година, а добрата буџетска ликвидност овозможува навремено и редовно извршување на сите буџетски обврски.
-
Македонија 10.09.2015 14:26
Метео: Утре променливо облачно време со сончеви периоди
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени послаби локални врнежи од дожд особено во јужните и источните делови од земјава.
Температурите ќе бидат во пораст во однос на денешните, а врнежите ќе престанат кон крајот на денот.
-
Свет 10.09.2015 14:09
Непроценливо вредни уметнички дела од Сирија завршуваат на црниот пазар
По шестмесечна тајна истрага новинарските екипи на телевизијата „CBS“ откриле злоупотреба на уметнички дела од Сирија на црниот пазар во шокантни размери.
-
Свет 10.09.2015 14:06
Илјадници бегалци влегуваат во Австрија- Данска ги блокира возовите од Германија
Речиси 4 илјади бегалци утрото од Унгарија влегле во Австрија. Синоќа околу полноќ голем број несреќни луѓе кои бегаат од војната во Сирија почнале масовно да влегуваат во Австрија и во Германија, откако овие земји ги отворија границите.
-
Македонија 10.09.2015 14:01
Конференција на началниците на ГШ на армииите на САД-Јадранската повелба во Охрид
Охрид ќе биде домаќин на 19-тата конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите членки на Јадранската група, што ќе се одржи од 16-ти до 18-ти месецов.
-
Македонија 10.09.2015 13:57
90 арбитри за мирно решавање на работните спорови
Наскоро споровите меѓу работодавачите и вработените ќе се решаваат со арбитража надвор од судовите. Со 90 арбитри ќе се достигнуваат ирските искуства кадешто 85 насто од споровите се решени со договор, а не на суд.
-
Свет 10.09.2015 13:43
Поплави во Јапонија, 90.000 луѓе ги напуштиле домовите
По обилните дождови Јапонија ја погодија поплави. Деведесет илјади луѓе ги напуштиле домовите, а се претпоставува дека ќе се евакуираат многу повеќе.
Реките им се закануваат на градовите во двете префектури на север на земјата, а метеоролозите повторно најавуваат обилни дождови.
-
Свет 10.09.2015 13:38
Полави на Сицилија –водата достигнува до 3 метри
Медитерански циклон го погоди југот на Италија и предизвика поплави во многу села.










