Министерството за финансии исплати 33,1 милиони денари субвенции за поддршка на овоштарството. Средствата се исплатени на 1.059 земјоделци.
Вести
-
Економија 25.07.2015 14:11
-
Економија 24.07.2015 17:05
Намалените казни- стимул за бизнисот
Пониски казни за шест до седум пати за малите компании и речиси двојно помали за средните. Измените во законот за прекршоци даваат можност за развој на бизнисот, вели вицепремиерот Ставрески.
-
Македонија 24.07.2015 16:58
Куќен притвор за Соња Верушевска
Соња Верушевска, сопруга на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски излегува од затворски притвор. Кривичниот суд по препорака на Aпелацискиот суд донесе решение затворскиот да го замени со куќен притвор во траење од 30 дена.
-
Свет 24.07.2015 16:45
Наместо романтична комедија, хорор: Вооружен напад во кино сала во Луизијана
Наместо романтична комедија на големото платно, хорор филм во кино сала во градот Лафајет во американската држава Луизијана. Вооружен маж купил билет и 20 минути од почетокот на филмот „Трејнврек“ отворил оган кон гледачите – загинале две млади жени, уште 9 лица се повредени.
-
Економија 24.07.2015 16:39
Дефицитарни кадри: Со обука до вработување
Васил Агапиев е меѓу илјадиницитете невработени кои добија можност да го решат егзистенцијалното прашање.
-
Македонија 24.07.2015 16:31
Метео: За викендот сончево и топло, од понеделник над 40 степени
Во текот на викендот ќе преовладува сончево и топло време, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Од понеделник се очекува постабилно и потопло време со дневна температура на места над 40 степени.
-
Македонија 24.07.2015 16:29
Двојно намалување на цените за изготвување геодетски елаборати за приватните шуми
Со новиот тарифник двојно се намалени цените за изготвување на геодетски елаборати за обележување на шуми на приватни сопственици. Газдите на шумските површини веќе можат да изработуваат геодетски елаборати по новите пониски цени. Елаборатите се услов за добивање на одобрение за сеча.
-
Македонија 24.07.2015 16:11
Ќе се обновуваат покривите на колективните згради во Карпош
Oпштината Карпош и заедницата на станари во заедничка акција за реконструкција на покривите на колективните станбени згради. Првиот објект што ќе добие нов изглед се наоѓа на улицата „Никола Тесла“.
-
Македонија 24.07.2015 16:09
Живот во инвалидска количка: Голготата на Ана- Марија трае девет години
Екстремитетите и функционираат половично, може да јаде само пасирана храна. И по девет години, лекарите се уште не можат да ја откријат причината за инвалидитетот на Ана- Марија. Омилена е во училиштето.
-
Култура 24.07.2015 16:07
Охридско лето: Шекспировата „Антоние и Клеопатра“ на сцената „Долни Сарај“
По премиерното изведување на „Битола Шекспир фестивалот“, вечерва претставата „Антоние и Клеопатра“ ќе ја има првта премиера на отворено, на сцената Долни Сарај во Охрид.










