Сончевото и многу топло време со појава на мала до умерена облачност продолжува и во текот на утрешниот ден.
Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
УВ индексот ќе опадне за една вредност и ќе изнесува коефициент 8.
Сончевото и многу топло време со појава на мала до умерена облачност продолжува и во текот на утрешниот ден.
Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
УВ индексот ќе опадне за една вредност и ќе изнесува коефициент 8.
Извршниот директор и претседател на јапонската компанија „Тошиба“, Хисао Танака поднесе оставка откако беше откриена неговата вмешаност во книговодствен скандал. Според сознанијата, тој правел малверзации во нереално прикажување на постигнувањата во изминатите шест години.
Поради големиот интерес за фудбалскиот натпревар од квалификацијата на за Лига на шампиони меѓу Вардар и Апоел кој ќе се одигра вечерва на националната арена „Филип Втори“, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Со обуката на спасители за брзи води за прв пат во Македонија од Црвениот Крст во Охрид ќе имаат соодветен тим за оваа намена кој ќе може да делува во целата држава.
Протести во Истанбул по вчерашниот самоубиствен бомбашки напад на 18-годишна девојка, во градот Суруч во кој загинаа 30- тина лица, а стотина беа повредени. Полицијата се судри со демонстрантите кои ја обвинија владата за нападите.
На магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај село Трапчин Дол, во еден часот по полноќ се сообаќајна незгода.
Опел Астра уптавувана од 64 годишен од кичевско Букојчани удрил во 60 годишен пешак од Трапчин Дол и го усмртил.
Полицијата на местото на настанот извршила увид.
Царинските службеници од граничниот премин Табановце – автопат вчера пред полноќ спречија обид за шверц на 115 килограми режан тутун.
Целосно е изгаснат големиот пожар кај Велес. Информацијата ја потврдија доцна синоќа од територијалната противпожарна единица.
Опожарена е површина од 250 хектари. Од нив, 50 хектари се борова шума, додека преостанатите 200 се нискостеблеста деградирана шума.
Во посета на Македонија е Алојз Петерле, копреседавачот на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска Унија. Заедно со него се и заменик копретседавачите Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски.