Најмалку 10 луѓе загинаа во експлозија во културен центар во југоисточниот турски град Сурук. Медиумите известуваат дека има десетици повредени. Се уште не е позната причината за експлозијата, но некои очевидци тврдат дека станиува збор за самоубиствен бомбашки напад.
Вести
-
Свет 20.07.2015 13:12
-
Македонија 20.07.2015 12:00
Македонија погодна и атрактивна дестинација за мото- туризмот
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Македонија беше домаќин на информативно патување за претставници на Магазинот „Motociclismo“, едно од најстарите списанија за мотоциклизам во светот кое одбележа 100 годишен јубилеј со патување низ нашата земја.
-
Македонија 20.07.2015 11:26
МВР издаде 2.208 потврди за поднесување барање за азил
Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, Министерството за внатрешни работи издаде 2208 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија,
-
Македонија 20.07.2015 11:24
На „Ало докторе“ досега над 43 илјади повици
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“, од 15 септември минатата година до вчера, се јавиле 43.177 лица.Од Здравствен дом Скопје соопштија дека од 13 јули до 19 јули за медицински совет на линијата имало 1.113 повици. -
Свет 20.07.2015 11:21
Во Јужна Кореја, Мерсот е под контрола
Болниците во Сеул во кои се појави фаталната зараза од вирусот МЕРС од денеска се враќаат во нормална работна состојба.
Во последниве две недели немало пријави за нови случаи од болеста позната како нилска треска, од која во Јужна Кореја до сега починаа 36 лица.
-
Култура 20.07.2015 10:59
Скопско лето: Изложба на фотографии од Македонија и од Израел
Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“ ќе биде отворена вечер на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето. -
Свет 20.07.2015 10:44
САД и Куба официјално ги обновуваат дипломатските односи
САД и Куба денеска официјално ги обновуваат дипломатските односи, прекинати пред 54 години. Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез денеска ќе присуствува на свечена церемонија за поставување на кубанското знаме во Вашингтон, по што ќе одржи средба со американскиот државен секрета
-
Економија 20.07.2015 10:43
Грчките банки од денеска повторно работат
По три недели, грчките банки од денеска треба повторно да бидат отворени, но и понатаму ќе важи лимитот за подигнување пари од 60 евра дневно и 420 евра на неделно ниво, а ќе биде спроведена и контрола на капиталот.
-
Македонија 20.07.2015 10:40
УЈП затвори осум угоститлески објекти
Во акцијата на Управата за јавни приходи во Охрид спроведена викендов, откриени се неправилности во работењето кај 8 угостителски објекти. Ним им биле изречени глоби и мерка за времено затворање во период од 15 дена, поради неиздавање фискални сметки.
-
Македонија 20.07.2015 10:38
Високи температури, УВ индекс 9
Неделава не очекуваат високи температури, околу 40-тиот степен целзиусов. УВ индексот на зрачење, исто така ќе биде висок – 9. Високите температури негативно може да се одразат на здравјето на луѓето, оттаму надлежните институции предупредуваат на крајна внимателност.










