Вести

  • Економија 01.07.2015 10:22

    Нова директна авиолинија Охрид- Базел

    Од денес стартува новата директна авиолинија Охрид- Базел. До оваа дестинација „Визер“ ќе оперира два пати неделно. Нискобуџетната авиокомпанија, пак, од аеродромот „Александар Велики“ воведе 5 нови директни авиолинии, двапати неделно до Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридрих-Шхафен.

  • Свет 01.07.2015 10:18

    САД очекуваат Грција да остане во еврозоната

    Соединетите Американски Држави внимателно ги следат случувањата во Грција и очекуваат земјата да остане во еврозоната. Сепак, акциите на Вол Стрит веќе бележат пад поради несигурноста во еврозоната.

  • Економија 01.07.2015 10:13

    Грција: Истече рокот за плаќање на долгот

    Грција го пропушти крајниот рок за исплата на долгот од 1,6 милијарди, потврди ММФ. Портпаролот Гери Рајс изјави дека Грција од сега ќе може да добива кредити само откако ќе ги расчисти своите обврски.

  • Македонија 01.07.2015 10:00

    Врнежите добредојдени за пролетните култури

    Повремените врнежи од дожд се добредојдени за пролетните култури. Проблематични се само за јачменот поради прекинувањето на жетвата која е во тек.

    Врнежите имаа повеќе позитивно влијание во земјоделството одколку што предизвикаа штети.  

  • Македонија 30.06.2015 17:25

    Поради кризата помалку Грци во Гевгелија

    Празни улици, без турканици пред банкоматите, продавниците или бензинските. Ваква е сликата од Гевгелија, најпосетуваниот град од соседите Грци. Најтешката финансиска криза на Грција не ги донесе нивните граѓани во Македонија. Жителите на Гевгелија велат дека нема наплив на гости оттаму.

  • Свет 30.06.2015 17:09

    Суматра: Авион се урна врз хотел, најмалку 113 загинати

    Најмалку 113 луѓе загинаа кога авион од типот Херкулес Ц-130 се урна врз хотел во густо населена област во градот Медан, на Суматра. Во авионот имало 101 патник и 12 членови на екипажот. Шефот на воздухопловните сили на Индонезија потврдил дека нема преживеани.

  • Македонија 30.06.2015 17:04

    Се подобруваат демографските трендови

    Се враќа надежта за македонската демографија. 1.116 првачиња повеќе од лани, од септември ќе тргнат на училиште. Годинава по подолг надолен тренд, владините мерки ги даваат првите резултати.

  • Економија 30.06.2015 16:59

    1.340.000 евра поддршка за младите земјоделци

    Расте интересот на младите земјоделци за финансиската помош од државата. По 10 илјади евра добиваат оние кои со бизнис план ќе аплицираат до Платежната агенција. Годинава финансиска поддршка е обезбедена за млади земјоделците од 44 општини. Најмногу апликати има од Пелагонискиот регион.

  • Македонија 30.06.2015 16:46

    Седумгодишно девојче почина во Заводот за рехабилитација во Битола

    7 годишно девојче почина во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас во Битола. За случајот, кривично се гони одговорниот дефектолог. Битолската полиција поднесе кривична пријава за 46-годишната воспитувачка – дефектолог во Заводот за несовесно работење.

  • Македонија 30.06.2015 16:39

    МПЦ ги утврди членовите на комисијата која ќе разговара со СПЦ

    Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум и Епископот Климент се членови на Комисијата на Синодот на МПЦ која ќе разговара со српските владици за изнаоѓање решение за статусот на црквата.

Pages