Силна експлозија близу до меѓународниот аеродром во Кабул, во близина на американската амбасада и врховниот суд. Бомбаш самоубиец со автомобил нападнал конвој на НАТО.
Нема повредени војници, соопштија од Алијансата, но повредени се 17 цивили.
Силна експлозија близу до меѓународниот аеродром во Кабул, во близина на американската амбасада и врховниот суд. Бомбаш самоубиец со автомобил нападнал конвој на НАТО.
Нема повредени војници, соопштија од Алијансата, но повредени се 17 цивили.
Екстремистите од Исламска држава погубија две жени со отсекување на главите, под обвинение за врачарење, заедно со нивните сопрузи.
Ова е прва егзекуција на жени од овој вид, соопштија од сириската опсерваторија за човекови права.
Грчката криза и стравот од излегување од еврозоната и банкрот на јужниот сосед предизвика најголем дневен пад на цаните на акциите на „Волстрит“. Индекстот „Дау џонс“ потона за 350 поени, односно скоро за 2 процента, а „Насдак“ се намали за 2,4.
Дневниот лимит за повлекување пари од банкоматите во Грција наскоро може да биде намален од 60 до 20 евра. Банките се обидуваат да фатат чекор со побарувачката, а лимитираните резерви секојдневно се намалуваат, тврдат грчките медиуми.
Последна пресметка меѓу Грција и Еврозоната, пред истекот на последниот рок за исплата на долгот кон ММФ вечерва во 23 часот. Премиерот Ципрас побара од гласачите да го отфрлат предлогот на кредиторите на референдумот.
Јордан Крстевски и Ивана Талеска со апликацијата „nowPARK.me“ се првонаградени на натпреварот на Мајкрософт , кој траеше од 3-ти до 22-ри јуни. Повеќе од 50 учесници изработија апликации со користење на отворени податоци од државните институции.
Инспекцискиот совет денеска на јавна седница разгледуваше 10 претставки поднесени против 10 инспектори.
Еден патник почина, а уште најмалку осуммина се повредени откако човек се запали во јапонскиот брз воз. Патникот што се полеал со масло и се запалил во првиот вагон на линијата Токио-Осака починал, соопштија од јапонската железница.
Од утре ќе почне примената на времениот режим на сообраќај на тешки товарни возила во викендите од летниот период на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје.
Во експлозија на автомобил бомба во главниот град на Јемен, Сана загинаa 28 луѓе. Одговорноста ја презедоа џихадистите од Исламска држава, а цел на нападот биле водачи на шиитските бунтовници кои присуствувале на погреб.