Организацијата „Македонија 2025“ бара брзо решение на политичката криза. Изразува загриженост поради состојбата во земјава. Ги повикува политичките лидери да дејствуваат мудро и да донесат решение.
Вести
-
Македонија 02.06.2015 13:05
-
Свет 02.06.2015 12:47
Тајландски генерал обвинет за организирање трговија со деца
На Тајланд е издаден налог за апсење на генерал мајорот Манас Конгпаен, поради организирање синџир за криумчарење на припадници на мјанмарското племе Рохингја и други емигранти од Јужна Азија.
-
Економија 02.06.2015 12:31
Шест нови авиолинии од Скопје и Охрид
Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ во јуни и јули годинава ќе воведе нови директни линии од Скопје и Охрид до неколку европски градови.
-
Свет 02.06.2015 12:03
Американската војска испратила антракс и во Канада
Американската воена лабораторија по грешка испратила примероци од жив антракс и во неколку лаборатории во Канада, откако претходно истото го стори и во неколку американски и странски лаборатории.
-
Свет 02.06.2015 12:01
Кина: Потона брод со повеќе од 450 патници
Патнички брод со 458 патници потона во реката Јангце на југот од Кина. Досега се спасени 20 луѓе меѓу кои и капетанот. Спасувачката акција во која учествуваат 34 брода, е отежната поради лошите временски услови.
-
Свет 02.06.2015 11:58
Заложничка драма на грчки патнички брод
Триесетгодишен маж држел жена како заложник на грчки патнички брод, којшто патувал од Крит кон Пиреја.
-
Македонија 02.06.2015 11:52
Продолжен рокот за пријавување субвенции
Рокот кој беше до 31-ви мај оваа година за пријавување субвенции согласно програмата за финансиска поддршка во земјоделството е продолжен за еден месец или до 30-ти јуни 2015-та година.
-
Македонија 02.06.2015 11:46
Судот без конечна одлука обвинението за случајот „Пуч“
Кривичниот суд нема конечна одлука за обвинителниот акт за случајот „Пуч“, дали ќе има судење или предметот ќе биде вратен на обвинителството? Со него се опфатени петмина, меѓу кои и екс-разузнувачот, Зоран Верушевски, како првоосомничен и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
-
Македонија 02.06.2015 11:36
Наскоро оглас за специјализирани продавници за органска храна
Министерството за земјоделство работи на подготовките за објавување на јавен повик за аплицирање и отварање на продавници за органска храна.
-
Македонија 02.06.2015 10:11
Груевски и Заев на средба со Хан во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ
Комесарот за европска политика Јоханес Хан е во Скопје. Во тек е средбата со премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.









