Вести
-
Свет 03.04.2015 12:09
Јемен: За две недели загинале повеќе од 500 луѓе
Повеќе од 500 луѓе, од кои 90 деца загинале, а околу 1700 биле ранети во текот на последните две недели во судирите во Јемен. -
Македонија 03.04.2015 12:03
Пет последователни земјотреси регистрирани во дебарско
Серија од пет земјотреси регистрирани се ноќеска во дебарското епицентрално подрачје.
-
Македонија 03.04.2015 11:57
АМСМ: Укината забраната за камиони на Стража и на Маврово - Дебар
На планинскиот премин Стража и на патниот правец Маврово - Дебар е укината забраната за тешки товарни возила, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.Забраната за тешки товарни возила беше воведена поради обилни врнежи од снег. -
Македонија 03.04.2015 11:25
Три нови случаи на туларемија
Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден со лабораториски наод во Институтот за јавно здравје потврдени се три нови случаи на лица заболени од туларемија.
-
Свет 03.04.2015 11:20
Историски договор со Иран
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун изјави дека постигнатиот рамковен договор за иранската нуклеарна програма на преговорите во Лозана ќе отвори пат кон мирот и стабилноста на Блискиот Исток.
-
Македонија 03.04.2015 11:17
Заев во понеделник на распит во јавното обвинителство за „Пуч“
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев в понеделник повторно на распит во јавното обвинителство за случајот „Пуч“. На последниот распит му биле предочени доказите.
-
Култура 03.04.2015 11:11
70 години Македонски народен театар
Македонскиот народен театар денеска свечено ќе одбележи 70 години од основањето и од првата изговорена реплика на македонски јазик на 3 април 1945.
-
Економија 03.04.2015 10:51
Данските туристи ја отворија туристичката сезона на охридското крајбрежје
Со погача, локум, ракија и охридскиот специјалитет- ѓомлезе, во Охрид беа дочекани данските туристи кои ја отворија туристичката сезона. Воодушевени од гостопримството на домаќините тие изразија надеж дека ќе поминат прекрасни и незаборавни мигови крај синото езеро.
-
Свет 03.04.2015 10:45
До 2017-та, САД ќе станат најголем производител на нафта во светот
Соединетите Американски Држави произведуваат околу 9 милиони барели нафта дневно, од кои 2,5 милиони се извезуваат во Канада. Неодамна со Мексико е склучен договор за размена на тешка сурова нафта од која се произведува бензин, за лесна нафта за авионско гориво.
-
Македонија 03.04.2015 10:42
Почна процедурата за формирање гарантен фонд за земјоделците
Гарантниот фонд треба да функционира по приципот 50-50. Тој ќе гарантира за половина од кредитот, а за другата половина комерцијалните банки ќе бараат хипотека.
Кредитите кои ќе може да се користат по оваа шема се лимитирани на 500.000 долари.










