Според непотврдени извештаи од очевидци, странска војска од непозната националност се истоварила во јеменскиот пристанишен град Аден, по седумдневно бомбардирање на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.
Вести
-
Свет 02.04.2015 15:26
-
Македонија 02.04.2015 15:15
СОНК и Министерството за култура подготвуваат нов колективен договор
СОНК и Министерството за култура работат на нов колективен договор за вработените во културата. Дел од синдикалните барања се усогласени, а за дел се уште се разговара. Со новиот договор ќе бидат изедначени платите за исто работно место во различни институции.
-
Македонија 02.04.2015 14:56
Стартува проектот „Наш специјалист“
Од оваа сабота стартува проектот „Наш специјалист“, најави министерот за здравство, Никола Тодоров.
-
Македонија 02.04.2015 14:16
Mетео
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне на места со повремен локален дожд и снег на планините.
Ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој на места ќе достигнува брзина до 80 километри на час.
-
Свет 02.04.2015 14:08
Вооружен напад врз универзитет во Кенија, најмалку 15 загинати
Маскирани напаѓачи упаднаа во универзитет во Кенија близу до границата со Сомалија. Се слушнале експлозии и истрели, убиени 15-мина и има 30-тина ранети.
Според очевидци, голем број од студентите успеале да побегнат, но во зградата има голем број загинати.
-
Култура 02.04.2015 14:05
„Декември и се бакнавме“ на Паула Бозалонго добитник на „Мостови на Струга“
Шпанската поетеса Паола Бозалонго добитник на наградата „Мостови“ на Струшите вечери на поезијата. Според жирито од 14 пристигнати дела се издвоила книгата „Декември и се бакнавме“ на Бозалонго.
-
Македонија 02.04.2015 12:57
Полицијата уапси познат криминалец од скопско Рашче
Полицијата утринава уапси 46 годишен жител на скопско Рашче, познат криминалец кој тргувал со оружје и дрога.
При претресот кај него полицијата пронашла поголема количина оружје: автоматски пушки, пиштоли, куршуми и повеќе полиетиленски кеси со прашкаста материја, најверојатно кокаин.
-
Економија 02.04.2015 12:50
Пониски цени за роаминг со Србија, Црна Хора и БиХ од 30-ти јуни
Од 30 јуни стапуваат на сила новите цени за роаминг – услуги со Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Минута разговор ќе чини 17,9 денари, СМС-порака 5,6 денари, а 1 МБ интернет ќе чини 43,2 денар.
-
Култура 02.04.2015 12:31
Во Скупи откриена скулптура од 2-ри век од нашата ера
Во античкиот театар на локалитетот Скупи откриена е скулптура од тело на жена за која се претпоставува дека датира од втори век од наша ера.
-
Свет 02.04.2015 12:20
Рестрикции на вода: Калифорнија се претвора во пустина
Калифорнија од рај на холивудските ѕвезди се претвора во пустина. Првпат во историјата, властите прогласија задолжителни рестрикции на водата. Универзитетите, игралиштата за голф и другите големи сопственици на земја ќе мораат да ја намалат употребата за 25 проценти.










