Апсења во Истанбул по вчерашната осумчасовна заложничка драма во која животот го загуби киднапираниот обвинител Мехмет Селим Кираз, како и двајцата киднапери. Полицијата уапси 22-ца студенти, членови на радикалното движење Револуционерна народноослободителна партија.
Вести
-
Свет 01.04.2015 12:29
-
Македонија 01.04.2015 12:17
Обид за убиство во Гостивар
Вчера околу 21 часот и 30 минути во гостиварската полициска станица било пријавено дека во наслелбата Питарница, во дворно место од куќата, 59-годишен гостиварчанец бил нападнат од засега непознато лице.
Му биле нанесени неколку убиди во пределот на стомакот, вратот и лицето.
-
Свет 01.04.2015 12:06
Ципрас: Не се согласуваме со санкциите против Русија
Грчка влада не се согласува со санкциите против Русија и воедно сакаме да ги продлабочиме трговски врски со оваа земја, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас пред посетата на Москва закажана за идната недела.
-
Македонија 01.04.2015 12:02
Нема повеќе епидемија на жолтица во Скопје
Од скопскиот Центар за јавно здравје информираат дека повеќе нема епидемија на жолтица. Во Скопје епидемијата беше прогласена на 22-ри август, лани кога беше регистриран зголемен број заболени.
-
Македонија 01.04.2015 11:58
Седмо намалување: 542 лекови од денеска по пониска цена
Од денеска 542 лека во аптеките ќе можат да се купат по пониска цена. Дел од нив граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена. Антибиотици, лекови за намалување на масти во крвта, висок крвен притисок, лек за шизофренија, цитостатици - по седми пат се намалија цените.
-
Свет 01.04.2015 11:49
Продолжуваат нападите на Јемен
62 деца загинаа а голем број се повредени во нападите на Саудиска Арабија и Коалицијата во Јемен.
На децата им е неопходна помош и сите страни треба да помогнат да се намали смртноста на децата, велат од УНИЦЕФ.
-
Свет 01.04.2015 11:45
Напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма
Постигнат е напредок во преговорите за иранската нуклеарна програма, потврди рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
-
Македонија 01.04.2015 11:09
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две лица
Управителот на скопската фирма „Хардекс трејд“ и уште еден лице заработија кривични пријави под сомнение дека фалсификувале и уништиле деловни книги, соопштуваат од Финансиската полиција. -
Македонија 01.04.2015 11:02
Обновен возниот парк на комуналното претпријатие во Дојран
Две нови возила за комуналното претпријатие „Полин“ од Дојран. Камионот за собирање смет и градежната машина за расчистување отпад ги набави локалната власт. Комуналните работници ќе може подобро и пофункционално да одговорат на задачите, истакнаа надлежните.
-
Македонија 01.04.2015 10:59
Средства од ИПАРД за лозарите и овоштарите
Лозарите и овоштарите со европски пари можат да постават систем за наводнување, обновливи извори на енергија и заштитни мрежи.
Во овоштарството можат да добијат пари за пакување, складирање и простории за вработените.









