Последен ден за преговарачите од Иран и шесте светски сили пред истекот на рокот за постигнување рамковен договор за иранската нуклеарна програма.
Вести
-
Свет 31.03.2015 14:23
-
Македонија 31.03.2015 14:16
Агенцијата за катастар отвори канцеларија во Драчево
Катастарот отвори шалтер во Драчево. Жителите на Драчево побрзо и со помалку трошоци ќе можат да ги вршат постапките околу евиденција на имотите. Во оваа област има околу 12-ина илјади парцели.
-
Македонија 31.03.2015 14:09
Нова детска градинка во Општина Јегуновце
Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на Општина Јегуновце, Тони Коцески, поставија камен-темелник на нова детска градинка во Општина Јегуновце, Тетово.
-
Економија 31.03.2015 14:03
Зголемен бројот на работници во индустријата
Бројот на работници во индустријата во февруари е зголемен за 2,5 проценти во споредба со истиот период во 2014 година, објави денеска Државниот завод за статистика. -
Економија 31.03.2015 14:00
Истекува рокот за откуп и закуп на општествени станови
Истекува рокот за откуп на општествени станови. Над 1.000 барања се доставени до Министерството за транспорт. За откуп на станови се доставени 769 барања, 188 за пренос, а 28 за закуп, информираат од Министерството.
-
Македонија 31.03.2015 13:55
Соработка на хидрометеоролозите од регионот за справување со поплавите
Македонија и земјите од Југоисточна Европа заеднички ќе дејствуваат во намалувањето на последиците од хидрометеоролошките појави. Ќе користат американски искуства за да го подобрат алармот за поројните поплави и заштитата на човечките животи и материјалните добра.
-
Македонија 31.03.2015 13:48
Граѓаните и компаниите најмногу се жалат на трудовата и на пазарната инспекција
На работата на трудовата и на пазарната инспекција најмногу се жалат граѓаните и компаниите. Поплаки за неправилно постапување, несоодветно и некултурно однесување стигнале на адреса на Инспекцискиот совет. Во минатата година биле изврешни над 200 илјади инспекциски надзори.
-
Македонија 31.03.2015 13:43
Повисоки плати во МВР од април
Над 10 илјади вработени во МВР ќе добијат зголемени плати за 20 отсто. Најниската плата во МВР ќе изнесува околу 18 илјади денари. Ќе се изедначи со месечните примања на цариникот со средно образование. До 2017-тата инспекторите месечно ќе добијат за три илјади повеќе.
-
Свет 31.03.2015 11:32
Гвинеја ја затвора границата со Сиера Леоне
Гвинеја ја затвори границата кон Сиера Леоне како дел од напорите да и стави крај на епидемијата на ебола, од која во Западна Африка до сега починаа повеќе од 10.000 луѓе.
Во Либерија во моментот нема заразени, а во Сиера Леоне е забележан постојан пад во бројо на случаи на заболени.
-
Свет 31.03.2015 11:28
Кашмир: 17 загинати во свлечиште
Најмалку 17 лица загинаа, а едно се води како исчезнато во свлечишта предизвикани од обилните дождови во Кашмир. Припадници на војската со багери се обидуваат да го пронајдат исчезнатото лице под урнатините.










