Расте бројот на граѓани кои поднесуваат годишни даночни пријави во Управата за јавни приходи. Во просек се поднесуваат по 40 илјади пријави дневно, односно заклучно до вчера биле поднесени вкупно 283.338 пријави. Од нив преку е-даноци биле доставени 1.451.
Вести
-
Економија 12.03.2015 13:09
-
Свет 12.03.2015 13:04
Хрватите подоцна во пензија
Хрватите ќе одат во пензија на 67 годишна возраст. Европската комисија ја принуди Хватска десет години порано од најавеното да ја крене старосната граница за пензионирање. Наместо во 2031-ва , со навршени 67 години ќе се оди во пензија во 2021-ва.
-
Македонија 12.03.2015 13:01
Петерле: ЕУ да почне преговори со Македонија
Словенечкиот европарламентарец Алојз Петерле ја поздрави одлуката на Европскиот парламент по деветти пат да побара неодложно отворање на преговорите за членство со Македонија.
-
Македонија 12.03.2015 12:55
Земјоделските задруги ги прошируваат своите дејности
Земјоделските задруги во моментов неможат да ги користат системите за наводнување.
Со измените на законот, освен примарното земјоделско производство, преработките и трговијата ќе можат да вршат и услуги за наводнување на обработливите површини.
-
Македонија 12.03.2015 10:36
Ќе се реконструира градскиот стадион во Тетово
Обнова на теренот на градскиот стадион и поставување рефлектори предвидува договорот што го потпишаа Фудбалската федерација на Македонија и општина Тетово. Со ова се отвора можноста по 30 години да се реконструира овој спортски објект.
-
Култура 12.03.2015 10:28
Креативните мисли- инспирација за самодоверба
„Ако си тргнал кон целта и патем застануваш за да го гаѓаш со камења секој пес кој лае по тебе, никогаш нема да стигнеш до целта“. Оваа мисла на Достоевски и уште мудрости на познати писатели и филозофи осамнаа на ѕидовите на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица.
-
Свет 12.03.2015 10:07
Застрелани двајца полицајци во Фергусон
Двајца полицајци се застрелани пред полициската станица во Фергусон, градот кој е во фокусот на антирасистичките протести. Непознат напаѓач отворил оган за време на протест против полициската бруталност. Толпата штотуку почнала да се растура по кус судир со полицијата кога одекнале истрелите.
-
Македонија 12.03.2015 09:08
МРТ и БАККО ќе потпишат договор за реемитување
Македонската радио телевизија станува дел од понудата на бугарските кабелски оператори. Во Софија националниот јавен сервис ќе потпише договор со Бугарската агенција за кабелски и комуникациски оператори (БАККО) за реемитување на програмата.
-
Економија 11.03.2015 18:12
Платите на административците за четири години ќе пораснат за 21,5%
За четири години платите на административците ќе се зголемат за 21,5 проценти, согласно со годишните корекции.
-
Свет 11.03.2015 18:08
Филмски грабеж на дијаманти во Франција
Грабеж како на филм. Група од 15 вооружени крадци на автопатот А6 што ги поврзува Париз и Лион пресретнале конвој возила кои превезувале скапоцени предмети, дијаманти, накит, уметнички дела, ги исфрлиле возачите од возилата и заминале во непознат правец.









