Во Аргентина, десет лица загинаа во судир и експлозија на два хеликоптера кои биле дел од тимот за снимање на телевизиско-реалити шоу, кое требало да се емитува на францускиот телевизиски канал „ТелеФранс“.
Вести
-
Свет 10.03.2015 15:08
-
Македонија 10.03.2015 14:56
Случај „Пуч“: Верушевски на распит во Јавното обвинителство
Првообвинетиот во случајот „Пуч“, Зоран Верушевски, поранешен директор на Управата за безбедност и контра разузнавање, денеска во основното Јавно обвинителство дава исказ пред надлежниот обвинител.
-
Македонија 10.03.2015 14:51
Метео
Oблачно време со повремени врнежи од дожд,на планините од снег особено во западните и јужните делови од земјава очекуваме и во текот на утрешниот ден.
-
Економија 10.03.2015 14:25
Владкова- Холар: Македонската економија расте побрзо од останатите во регионот
Во Македонија се спроведени најмногу структурни реформи, а земјата, во однос на другите од регионот, е најблиску до членките на Европската Унија. Ова го покажува последниот извештај на ММФ, посветен на Западниот Балкан, а објавен денеска во Виена.
-
Свет 10.03.2015 14:19
Околу 100 луѓе избегаа од затвор на ИД во Сирија
Стотина луѓе избегаа од затвор на Исламска држава во северна Сирија, меѓу кои и 30 курдски борци.
Масовното бегство се случило во градот Ал Баб, на 30 километри јужно од турската граница. ИД контролира територии во северна Сирија и раководи со затворите и судовите.
-
Македонија 10.03.2015 13:59
Проблемот со илегалната миграција да се надмине со зајакната институционална меѓународна соработка
Кризните ситуации на Блискиот Исток и во Северна Африка предизвикаа бранови бегалци кон Европската унија кои минуваат и низ земјава.
-
Македонија 10.03.2015 13:41
72 години од депортацијата на Македонските Евреи
Се одбележуваат 72 години од депортацијата на македонските Евреи од Штип, Битола и Скопје во озлогласениот нацистички логор Треблинка во Полска.
-
Економија 10.03.2015 13:37
„Виз-ер“ воведува лет од Охрид до Лондон
Од 14 јуни-ти нов лет на нискобуџетната компанија „Виз-ер“ на релацијата Охрид- Лондон.
Ќе се лета два пати неделно, во среда и недела, по цена од 1.500 денари. „Виз-ер“ во јануари најави нови летови од Охрид , кои почнуваат на 1-ви јули со лет до Базел Мулхаус - Фрајбург.
-
Македонија 10.03.2015 13:24
Европскиот парламент доцна вечерва ќе расправа на пленарна сесија за реозлуцијата за Македонија
Европскиот парламент доцна вечерва на пленарна сесија во Стразбур ќе расправа за резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2014 година, јавува дописникот на МРT од Стразбур.
-
Македонија 10.03.2015 13:18
Отукпено речиси 25.000 тони тутун, тутунарите да го пријават новото производство
Почна новата електронска евиденција за производство на тутунот. Тутунарите пред да ги добијат белите картони за склучување на договорите со откупувачите, ќе мора производство да го внесат во регистарот.










