Колку денови- толку претстави ќе се одиграат на сцената на Драмскиот театар во март -месецот на театарот. За 100 денари ќе може да се погледнат претставите „Капетанот Џон Пиплфокс, „Хамлет“, „Генетика на кучињата“, „Живот во тесни чевли“.
Вести
-
Култура 02.03.2015 15:44
-
Македонија 02.03.2015 14:53
Министерството за одбрана објави конкурс за обука на пилоти
Министерството за одбрана објави конкурс за запишување на слушатели за стручно оспособување и усовршување на родот авијација.
Во процесот на селекција пријавените кандидати ќе поминат соодветни здравствени и физички проверки, познавање на англиски јазик и проверка на земја и во воздух.
-
Свет 02.03.2015 14:49
Украина подготвува официјално барање за распоредување мировни сили во Донбас
Украинскиот претседател Петро Порошенко потпиша декрет со кој се отвора патот кон формално барање за распоредување на меѓународни миротворци во источниот дел на земјата, каде веќе една година се водат борби меѓу владините сили и проруските сепаратисти.
-
Свет 02.03.2015 14:41
САД: Веродостојна истрага за убиството на Немцов
САД бараат веродостојна истрага за околностите во кои почина лидерот на руската опозиција Борис Немцов, соопшти американскиот државен секретар Џон Кери.
Се надевам дека руските власти ќе спроведат транспарентна истрага за тоа кој стои зад убиството, додаде Кери.
-
Свет 02.03.2015 14:21
Ирак почна воздушен напад за заземање на Тикрит
Ирачките сили почнаа воздушни напади за заземање на Tикрит, кој од минатото лето е под опсада на екстремистите од Исламска држава. Претставник на војската соопшти дека паралелно се изведуваат воздушните и артилериските напади.
-
Македонија 02.03.2015 14:05
Еден загинат во сообраќајна несреќа кај Неготино
Едно лице утрово загина во сообраќајна несреќа што се случила во близина на ТЕЦ „Неготино“.
Автомобил марка „Цитроен“ со штипски регистерски таблички, од неутврдени причини излетал од патот утринава околу 7 часот и 15 минути, а за жал возачот починал на лице место.
-
Свет 02.03.2015 13:55
Северна Кореја испалила две ракети со краток дострел
Северна Кореја испалила две ракети со краток дострел, објавила јужно корејската војска. Се верува дека со ваков потег Пјонгјанг изразува протест против јужнокорејсо-американските вежби кои треба да бидат изведени денеска.
-
Економија 02.03.2015 13:51
Саем за градежништво и недвижнини од утре на Скопски саем
Од утре стартува саемот за градежништво во чиј состав ќе се одржи и Саемот за недвижности и за инвестиции „Риал експо 2015-та“.
-
Македонија 02.03.2015 13:45
Почнува исплатата на штетите за жителите од поплавените подрачја
Почнува исплатата на жителите од поплавените региони, кои во просек ќе добијат по 500 евра, во зависност од настаната штета.
Европската комисија од Брисел порача дека очекува официјално барање со проценка на штетите и потребите за да и помогне на земјава во санацијата.
-
Македонија 02.03.2015 13:39
Хуманитарна акција на Македонците од Канада за поплавите во Македонија
Македонците од Канада со хуманитарна акција за поплавените во земјава. Во Мисисага, во просториите на Македонската православна црква „Св. Илија“ вчера се одржа хуманитарна акција на која беа собрани 9.400 канадски долари.










