Утре во поголем дел од Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди и со повисока дневна температура која што ќе достигне до максимални 14 степени.
Вести
-
Македонија 23.02.2015 14:44
-
Македонија 23.02.2015 14:13
Започнува исплатата на парична помош за штетите од невремето во Дојран
Општина Дојран во следните 30 дена ќе им исплати парична помош на земјоделците и семејствата кои претрпеа штети од невремето што ја зафати општината во јуни 2014-та година.
-
Македонија 23.02.2015 14:06
Иванов се сретна со црногорскиот министер за надворешни работи Лукшиќ
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими Игор Лукшиќ, потпретседател на Владата и Министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора.
-
Свет 23.02.2015 13:11
Грција треба да објасни како ќе штеди во иднина
Грчката влада до вечерва треба да им го објасни планот за мерки за штедење на министрите за финансии од Еврозоната, којшто ако биде прифатен, ќе биде основа за продолжување на кредитната помош за земјата во следните четири месеци.
-
Македонија 23.02.2015 13:06
Европските пратеници за македонскиот јазик
Хорди Себастиа во пратеничкото прашање упатено до Европската комисија, нагласува дека „целиот овој проект“ за дијалектите на бугарскиот јазик, во и надвор од границите на Бугарија, „има многу малку врска со науката и тој јасно ја промовира застарената бугарско ултра-националистичка идеологија“.
-
Македонија 23.02.2015 12:54
Попоски-Лукшиќ: Македонско - црногорската соработка пример за регионот
Македонија и Црна Гора со заедничко конзуларно претставништво во париз. Ова е еден од договорите кој денеска беше потпишан меѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски, и неговиот гостин од Црна Гора, министерот Игор Лукшиќ.
-
Свет 23.02.2015 12:40
САД: Откажани 1.000 летови поради снежното невреме
Снежното невреме и ниските температури ги погодија западните и јужните делови на САД и ги принудија властите да откажат голем број летови и да затворат неколку училишта.
Поради опасните услови на патиштата во Луизијана е воведена вонредна состојба.
-
Свет 23.02.2015 12:34
Голем пожар и експлозии во Белград
Голем пожар и експлозии избувнаа изутрината во магацин во Белград. Гореле простории на 3.000 квадратни метри во кои повеќе фирми чуваат „домашна хемија“, која е тешка за гаснење. -
Економија 23.02.2015 12:30
Од полноќ повисока цена на нафтените деривати
Од ноќеска на полноќ бензините поскапуваат за 3, а дизелот за 4 денари. Регулаторната комисија за енергетика ја објави пресметката за новите цени на нафтените деривати.
-
Свет 23.02.2015 12:23
Еврото поскапе во однос на доларот по договорот меѓу Еврогрупата и Грција
Еврото поскапе во однос на доларот, откако министрите од еврозоната се согласија да го продолжат спасувачкиот план за Грција за нови четири месеци.










