Речиси три милиони денари донирале граѓаните преку мобилните оператори, донација за загрозените во поплавените подрачја. Пакети со храна, средства за лична хигиена и за дезинфекција.
Вести
-
Македонија 06.02.2015 14:39
-
Економија 06.02.2015 14:22
Во Њујорк бизнис форум за можностите за инвестирање во Македонија
Владина делегација, предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска учествува на бизнис форум во Њујорк. -
Македонија 06.02.2015 14:19
Состојбата на повредениот во експлозијата во Богданци непроменета
Состојбата на повредениот кој настрада вчера од експлозијата во фабриката за плински боци во Богданци е непроменета.
Се наоѓа на одделот за интензивна нега во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје и се чека да поминат 48 часа за да се види состојбата на органите за дишење.
-
Македонија 06.02.2015 14:06
Метео
Првата половина од викендот ќе ни донесе променливо облачно време со сончеви периоди, попладне и во вечерните часови на места со слаби врнежи од дожд и снег и слаб до умерен северен ветер.
Во недела не очекува претежно облачно и ветровито време со локални врнежи од снег.
-
Македонија 06.02.2015 14:03
МВР: Експлозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци
Екплозија на гас ја предизвика несреќата во фабриката „Балкан гас“ во Богданци, по увидот соопшти Министерството за внатрешни работи.
Животот го загубија тројца работници, сите од село Ѓавато. Двајца од починатите биле во роднинска врска.
-
Свет 06.02.2015 13:50
Балканот зафатен од снежно невреме
Невреме на Балканот. Снежните врнежи кои непрекинато паѓаат од вчера, проследени со силен ветер предизвикаа проблеми во Хрватска. Во неколку региони е прогласен црвен метеоаларм. Поради снегот прекини и во сообраќајот. Доцнат и автобусите. Патиштата на повисоките места се непроодни. -
Македонија 06.02.2015 12:57
Поплави: Критично кај Демир Хисар, се очекува излевање на Црна Река
Критично е со Црна Река кај Демир Хисар. Нивото е зголемено и во секој момент се очекува излевање. Наврнатиот снег на Пелистер е потенцијална опасност.
-
Македонија 06.02.2015 12:24
АХВ: Препораки за населението во поплавените подрачја
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) уште еднаш апелира населението од поплавените подрачја да се придржува до препораките за заштита од заразни болести кои се пренесуваат преку храната и водата за пиење, како и до советите за навремено и правилно постапување со домашните животни. -
Свет 06.02.2015 11:17
Оланд и Меркел во Киев разговараат за новиот мировен план
Претставници на самопрогласената Доњецка република и украинската војска постигнаа договор да направат коридор со кој ќе им се овозможи на цивилите од Дебалчево да го напуштат регионот во кој има жестоки борби.
-
Македонија 06.02.2015 11:07
Повеќе субвенции за живинарството, ќе се воведуваат кооперантски договори
Домашното производство е незначително и во почетна фаза. Пилешкото месо скоро целосно се увезува за што годишно се трошат 50 милиони евра.
Државата планира да го менува системот на субвенционирање со воведување на кооперантски односи за производството на еден милион бројлери годишно.









