Во справување со заканите од нови поплави во Пелагонија се ангажирани над 250 војници и вработени во јавните претпријатија. Со 10 илјади вреќи песок се зајакнува насипот на Црна Река во населените места Лознани и Царлија.
Вести
-
Македонија 03.02.2015 15:08
-
Свет 03.02.2015 15:04
Нова ескалација на судирите во Украина
Хеликоптер и авион на украинската војска се соборени над Доњецк. Во изминатите 24 часа судири Украина изгубила уште 7 тенкови и 163 војници, тврдат самопрогласените народни власти, информација што не ја потврдува Киев. Во судирите загинале најмалку 16 цивили.
-
Македонија 03.02.2015 14:33
Метео
Повторно следува период на променливи временски услови.Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од снег во западните делови на планинските предели, на пониските места врнежите ќе бидат од дожд и од снег но со послаб интензитет. -
Свет 03.02.2015 14:32
Франција: Уапсени осум лица за испраќање исламски терористи во Сирија
Француската полиција уапсила осуммина поради учество во мрежа одговорна за испраќање исламски екстремисти во војната во Сирија.
Според полицијата, уапсените не се поврзани со минатомесечните напади во кои беа убиени 20 луѓе.
-
Култура 03.02.2015 14:08
Загребски „Керемпух“ со „Да живее Хармс! Чудата постојат“ вечерва во Драмски театар
Претстава која прашањата на апсурдот, пародијата и на хуморот воопшто не ги третира еднодимензионално, вкалапено и предвидливо. Возбудлив театар кој се впушта во ризик, во своевидна авантура, театар кој произведува неочекувани резултати. -
Економија 03.02.2015 13:38
Во 2014 година - највисоки капитални инвестиции досега
Реализацијата на капиталните инвестиции во 2014 година е на историски највисоко ниво од 21 милијарди денари, покажува фискалната табела објавена од Министерството за финансии. Заедно со Агенцијата за државни патишта оваа бројка изнесува 28 милијарди денари.
-
Македонија 03.02.2015 13:24
АЕК усвои нов Правилник со обврски за операторите
Речиси 800 барања за решавање спорови пристигнале од граѓаните на адреса на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем дел од нив се однесуваат на квалитетот на мобилниот интернет.
-
Македонија 03.02.2015 13:08
Брегалница полека се враќа во коритото
Брегалничка река полека се враќа во коритото. Нивото на водата во споредба со вчерашниот ден утринава е намалена за 30 сантиметри. Надлежните очекуваат во текот на денешниот ден да дојде до драстично намалување, бидејќи намален е и испустот од акумулацијата Калиманци.
-
Македонија 03.02.2015 12:58
Општина Аеродром ќе добие нов парк
Девет хектари ново зеленило до средината на летото ќе добијат граѓаните на општина Аеродром. Новиот парк ќе биде опремен со урбана опрема, детски игралишта и повеќе наменски спортски терени. Инвеститор е градот Скопје, а изведувач на работите- Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.
-
Македонија 03.02.2015 12:51
Република Македонија официјално започна да претседава со ЦЕИ
Министерството за надворешни работи на Република Македонија денес беше домаќин на првата работна средба на Националните Координатори на ЦЕИ. Министерот Никола Попоски ја отвори средбата со поздравен говор, при што ги претстави приоритетите на македонското претседавање.










