Истекува рокот за замена на старите фискалните каси. До 31-ви јануари сите даночни обврзници треба да воведат нов апарат со ГПРС уред. Досега над 30 илјади фирми се опремиле. Тука влегуваат и големите компании кои беа опфатени во првата фаза.
Вести
-
Економија 13.01.2015 16:32
-
Економија 13.01.2015 16:30
Македонија- порта кон Европа за индиските компании
Ниски даноци, квалитетна работна сила, добра бизнис – клима, едноставен пристап на европскиот пазар. Инвестициската лична карта на Македонија претставена пред повеќе индиски компании од Калкута и Џајпур. Со дел од нив реализирани директни средбата.
-
Македонија 13.01.2015 16:23
Ципрас: Соседната земја сега не го прифаќа решението што ќе го прифатеше пред 20 години
Македонската влада пред 20 години, за разлика од денес, ќе прифатела решение согласно грчките критериуми односно сложено име со географска одредница за вкупна употреба.
-
Економија 13.01.2015 16:16
Две до три милијарди евра за инвестиции во енергетиката до 2035-та
За сите инвестиции во енергетскиот сектор во земјава до 2035-та ќе бидат потребни меѓу 2 и 3 милијарди евра. Стратегијата на МАНУ предвидува опаѓање на учеството на струјата во вкупната потрошувачка, а ќе порасне користењето природен гас.
-
Македонија 13.01.2015 16:14
Ректорската управа на УКИМ побара пилот-проект за државниот испит
Ректорот и деканите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ побара од Собранието на Република Македонија да има пилот-проект за државниот испит во високото образование. -
Македонија 13.01.2015 14:26
Ставрески чека Шилегов да му се извини
Шилегов денес молчи. Молчи затоа што е свесен дека лажеше дека вицепремиерот Ставрески го потпишал договорот со Лудвиг Фајфер. Има две можности. Или да признае кој побарал од него да кажува невистини, или да се извини јавно, соопштуваат од Министерството за финансии. -
Свет 13.01.2015 14:10
Француски државјанин уапсен во Бугарија поради поврзаност со браќата Куаши
29- годишниот Фриц Џоли Џоакин, француски државјанин, е уапсен во Бугарија под сомнение дека контактирал со еден од двајцата браќа Куаши кои масакрираа 12-мина во сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“. Против него се издадени два европски налози за апсење.
-
Македонија 13.01.2015 14:05
Такси превозниците од први јануари со сертификати
Од први јануари годинава секој такси превозник во Скопје треба да поседува сертификат. Целта е подигнување на квалитетот на услугите.
-
Македонија 13.01.2015 13:50
Почнува проектот „Бесплатен туристички викенд за пензионерите“
Три илјади пензионери ќе можат да го користат бесплатниот туристички викенд. Од 15-ти јануари до 16-ти наредниот месец може да поднесат барање до подрачните единици на Пензискиот фонд каде што живеат.
-
Свет 13.01.2015 13:42
Можен бран на атентати во Европа- најавуваат разузнувачките служби
Нападите во Франција можеби најавуваат бран атентати во Европа пишува германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на податоците на американските разузнувачки служби добиени при следењето на комуникациите меѓу челниците на организацијата Исламска држава.










