Цената на нафтата паѓа веќе 9-ти ден.
Вести
-
Економија 12.01.2015 14:40
-
Свет 12.01.2015 14:18
Сеул подготвен за самит со Пјонгјанг
Јужнокорејската претседателка изјави дека е подготвена за одржување состанок на највисоко ниво со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун без предуслови и го повика Пјонгјанг да му се врати на дијалогот.
-
Македонија 12.01.2015 14:14
Метео
Утре во Македонија се очекува стабилно време,утрото ќе биде ведро и студено,а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Температурите во наредниот период ќе бележат пораст.
-
Македонија 12.01.2015 14:12
Акциска контрола: Десет казнети и еден затворен угостителски објект во Тетово и Гостивар
Уште 15 угостителски објекти биле контролирани вчеравечер во Тетово и во Гостивар. Даночниците, пазарната инспекција и полицијата казниле 10 ресторани. Еден е затворен.
-
Свет 12.01.2015 13:54
Нигериската војска бара поддршка во борбата против Боко Харам
Нигериската војска побара поддршка во борбата против Боко Харам, откако екстремистите нападнаа клучен град на североистокот од земјата. -
Култура 12.01.2015 13:51
Документарниот филм „Тереза и Јас“ премиерно на МРТ
Денеска со почеток во 17.45 на МРТ 1 премиерно ќе се емитува првиот од четирите дела на документарниот филм посветен на Мајка Тереза со наслов „Тереза и Јас“ во режија на Теона С. Митевска.
-
Македонија 12.01.2015 13:20
Новиот амбасадор на САД во февруари во Македонија
Џес Бејли, наследникот на Пол Волерс во почетокот на февруари стапува на функцијата Амбасадор на САД во Македонија.
Тој е дипломат од кариера, а во Македонија доаѓа од позицијата заменик-амбасадор во Турција. Ова му е прва амбасадорска мисија.
-
Свет 12.01.2015 12:59
Радикални мерки за безбедност во Франција по терористичките напади
Франција се уште е во шок по терористичките напади. Властите преземаат радикални мерки за безбедност. Мобилизирани се 10.000 војници кои ќе ги обезбедуваат најкритичните места, училиштата, институциите и локациите каде што има поголема фреквенција на луѓе.
-
Економија 12.01.2015 12:51
Нов пад на цените: Бензините и дизелот поевтинуваат до 1,5 денари
Бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
-
Македонија 12.01.2015 12:25
Јанакиески: Сите патишта се проодни, нема поголеми дефекти со електричната енергија
Сите магистрални и регионални патишта и автопати се проодни, а нема и поголеми дефекти со електрична енергија, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на Координативното тело формирано за следење на состојбите со времето.










