Модулот „Фили“ е стабилен и праќа слики по историското потскокнување на кометата што ја вознемири научната јавност. Од Европската вселенска агенција соопштија дека е стабилизирано.
Вести
-
Свет 13.11.2014 18:42
-
Свет 13.11.2014 18:37
Руски воени бродови во близина на австралискиот брег
Четири руски воени бродови се приближуваат кон австралискиот брег. Премиерот Абот со заклучок – Русија демонстрира сила во екот на тензиите со Канбера по соборувањето на малезискиот боинг во Украина.
Инаку рускиот претседател Путин викендов ќе учествува на самитот на Г-20 во Бризбејн.
-
Свет 13.11.2014 18:30
Се затвораат коридорите за сириските бегалци
Се затвораат коридорите за сириските бегалци – соседните земји драстично ги намалуваат бројките на тие што ќе им биде дозволен влез. Невладините организации ја обвинија меѓународната заедница за „тотален колапс на солидарноста“.
-
Свет 13.11.2014 18:16
Холандскиот генерал Кареманс ја очекува пресудата за масакрот во Сребреница
Холандскиот генерал Том Кареманс ја очекува пресудата за воени злосторства за време на војната во Босна и Херцеговина. Обвинет е дека третиот холандски баталјон под негова команда не го спречил масакрот на 8 илјади муслимански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година.
-
Свет 13.11.2014 18:10
Полицијата на БиХ уапси 11 лица поврзани со тероризам
Полицијата на Босна и Херцеговина, во продолжение на акцијата „Дамаск“ уапси 11 лица поврзани со тероризам. Претресени се повеќе локации на територијата на Сараево, Зеница, Маглај.
-
Економија 13.11.2014 17:47
Без застанување, само со намалена брзина ќе се минува низ патарините
За година ипол електронски систем ќе биде поставен на патарините. Возачите ќе ги минуваат без застанување со бесконтактни смарт картички и преку микробранови транспордери. Ќе треба само да ја намалат брзината за да ги регистрира системот.
-
Македонија 13.11.2014 17:12
70 години Скопје слободно чекори напред
Во утринските часови на 13 ноември маса народ се слева на скопскиот плоштад. На коњи пристигнуваат македонските борци , а скопјани еуфорично низ песна ги дочекуваат на плоштадот накитен со цвеќиња и солзи радосници.
-
Македонија 13.11.2014 17:11
Познавачите со став: Крајно време е да се стави крај на местењето фестивали!
Крајно време е да се стави крај на местењето фестивали, а пејачот кој има најдобра песна да ја добие првата награда, велат за МТВ добрите познавачи на состојбите во естрадата..
-
Македонија 13.11.2014 17:01
Спортско игралиште и локален пат пуштени во употреба во Општина Старо Нагоричане
Повеќе спортски и рекреативни активности ќе можат да реализираат учениците од Основното училиште „Христијан Карпош“ во селото Дргамонаце на новоотворено игралиште. Повеќенамеското игралиште е направено по сите модерни стандарди со терен за фудбал, кошарка, одбојка и ракомет.
-
Македонија 13.11.2014 16:54
Се подготвува кривична пријава за осомничените за местење на резултатите на Скопскиот фестивал
Познат композитор, сопственик на продукциска куќа, како и управител на друштво кој го организирал телефонското гласање се сомничат за местенки на резултатите на Скопскиот фестивал. За првите три места се предвидени награди од 45 илјади евра.










