Се укинува увозната давачка за индустриската пиперка, а се намалува за половина за доматното пире. Владата го прифати барањето на преработувачите. До 31 декември тие ќе може да увезат 2,000 тони пипер до кога важи привремениот увоз.
Вести
-
Економија 12.11.2014 17:11
-
Македонија 12.11.2014 16:58
Македонските студенти ќе учат менаџмент од реномиран факултет од Мастрихт
Македонски студенти ќе учат од програмите за менаџмент од реномираниот Факултет од Мастрихт. Ова го предвидува договорот за соработка со Американ Колеџ од Скопје. За постдипломските студии, Владата ќе додели стипендии.
-
Економија 12.11.2014 16:54
Се зголемува бројот на италијански инвестиции во Македонија
Ќе се зголеми бројот на италијански инвеститори во земјава. На Технохозе и Виатек друштво ќе им прават уште три компании. Ги прават завршните анализи и се пред финална одлука да инвестираат во отворање бизнис во Македонија.
-
Свет 12.11.2014 16:47
Шешељ од денес на условна слобода во Белград
Хашкиот притвореник Воислав Шешељ од денес е на условна слобода во Белград. Лидерот на радикалите кој боледува од рак, по 12 години притвор и гаранциите на српската влада, од хуманитарни причини пуштен е во Белград, под услов да се појави на изрекувањето на пресудата.
-
Македонија 12.11.2014 16:38
Разводот - мотив за трикратното убиство во Кавадарци
Разводот со сопругата – мотивот за трикратното убиство во Кавадарци. Осомничениот Тони Станоев од денеска е во 30 дневен притвор.
-
Економија 12.11.2014 16:26
Нови 305 милиони евра од ЕБОР за инфраструктура
Со 305 милиони евра, ЕБОР го засилува градежниот бум во земјава.
-
Македонија 12.11.2014 15:55
Стапи во сила Законот за сурогат мајчинство
Стапи во сила Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување- сурогат мајчинство. Од крајот на октомври можат да се користат сите механизми.
Сурогат мајка може да се биде само еднаш.
-
Економија 12.11.2014 15:50
НБРМ: Економијата закрепнува со солидно темпо
Според оцената на НБРМ, донесена на редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, економијата и понатаму закрепнува со солидно темпо, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки. Економското закрепнување се одвива во отсуство на ценовни притисоци.
-
Култура 12.11.2014 15:18
Канческа- Милевска ја прими добитничката на многу награди, виолинистката Ева Богоевска
Македонското сонце го огреа сивиот Санкт Петербург. На престижниот фестивал за музика „Сребрен камертон”, младата Ева Богоевска го освои лауреатот од прв степен.
-
Македонија 12.11.2014 14:47
Дојран доби модерна градинка
Mинистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов денеска ја отворија Јавната општинска установа за деца - детска градинка „КОКИЧЕ“ во Дојран.










