Вести
-
Македонија 12.11.2014 08:41
Измените на Законот за акцизите пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 22. седница чија единствена точка на дневниот ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка. -
Економија 12.11.2014 08:38
Измените за безбедност при работа ќе бидат презентирани пред компаниите
Стопанската комора на Македонија и Македонското здружение за заштита при работа денеска организираат семинар за најновите измени на Законот за заштита и безбедност при работа. -
Македонија 12.11.2014 08:33
Нова рунда разговори за името во Њујорк
Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, денеска во Њујорк ќе се сретне со македонскиот претставник амбасадорот Васко Наумовски и со грчкиот дипломат Адамантиос Василакис. -
Македонија 11.11.2014 19:28
Малолетно девојче прободено со нож кај „Мавровка“
Малолетно девојче е прободено со нож вечерва во близина на трговскиот центар Мавровка. Инцидентот го потврди полицијата, а од досегашните информации девојчето е транспортирано во една од скопските болници.
Засега нема информации кој ја прободел малолетничката со нож.
-
Свет 11.11.2014 18:54
ЕУ нема да помага на невработените кои се селат во побогатите држави
Европската Унија го ограничува правото на слободно движење со укинувањето на праксата на „туризам за бенефиции“. Земјите членки веќе не се обврзани да ги помагаат невработените Европејци кои се селат во побогатите држави.
-
Свет 11.11.2014 17:37
На самитот на АПЕК во Пекинг прифатен планот за слободна трговија
На самитот на АПЕК, азиско-пацифичките лидери го прифатија планот на Пекинг за создавање зона за слободна трговија, ривал на трговскиот пакт на САД, од кој е исклучена Кина.
-
Македонија 11.11.2014 17:25
Попоски во Брисел, утре на средба со Комесарот за проширување Јоханес Хан
Министерот за надворешни работи Никола Попоски од попладнево е во Брисел. На денешната агенда – средба со известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, со Алојз Петерле, со европратеници, а ќе учествува и на мешовитиот парламентарен комитет Македонија – Европска унија.
-
Свет 11.11.2014 17:22
Ослободени научниците обвинети за загинатите во земјотресот што ја погоди Лаквила
Во Италија со критики беше дочекана одлуката на апелациски суд да ги ослободи 7-темина научници обвинети за 309-те загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Лаквила 2009-та.
„Мртвите нема да се вратат, но нема ни правдата“, вели една жена.
-
Македонија 11.11.2014 17:06
Зошто зачестија смртните случаи на мигранти на македонските пруги?
Наместо пат кон светла иднина и подобро утре, мигрантите често го завршуваат животот на пругата на Коридор 10. Машиновозачот Ристо Пејковски, кој триесет години е на македонските пруги, има стотици приказни за судбината на овие луѓе.
-
Македонија 11.11.2014 16:57
Грција игра двојна игра: Нема консензус за решение што ќе го содржи терминот Македонија
Официјалната грчка црвена линија за сложено име со географска одредница за вкупна употреба, кое што ќе го содржи терминот Македонија, се чини дека веќе не е актуелна, јавува дописникот на МРТ од Атина.









