Вести
-
Македонија 30.10.2014 08:10
Трета фаза од експресниот пат Велес - Штип
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски денеска ќе го означат отпочнувањето со градежни активности на третата фаза од експресниот пат Велес-Штип (до Кадрифаково). -
Македонија 29.10.2014 18:52
МНР ќе ги покрие трошоците за транспорт на телото на Дениса
Телото на 23 - годишната Дениса Марковска кое треба да пристигне најдоцна до понеделник ќе го транспортира грчка погребална компанија а трошоците ги покрива министерството за надворешни.
-
Свет 29.10.2014 18:35
Џихадистите од ИД ликвидирале 46 припадници на племе во Ирак
Џихадистите од групата Исламска Држава (ИД) погубиле најмалку 46 припадници на едно племе во ирачката провинција Анбар, соопштија денеска локални претставници.
Убиените биле припадници на племето Албу Нимр, чии членови се бореле против џихадиситте во провинцијата.
-
Свет 29.10.2014 18:33
Кремљ ги демантира гласините за болеста на Путин
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес ги негирал извештаите на странските медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозно болен.
“Гризнете јазик! Се’ е во ред”, рекол Песков, пренесуваат руските медиуми -
Економија 29.10.2014 17:11
Македонија - водечки реформатор во регионот
Македонија е топ реформатор. Најновиот „Дуинг бизнис“ извештај на Светска банка повторно ги потврди здравите економски политики. Земјава е најдобро рангирана во регионот и е пред 15 од 28-те земји членки на Европската унија.
-
Македонија 29.10.2014 16:43
Кој пукаше во зградата на Владата?!
Два проектила од огнено оружје со голем калибар завршија во владината зграда синоќа околу 22 часот. По детонациите, случајот на полицијата го пријавило лицето кое го обезбедувало објектот. По увидот, проектилите се пронајдени и се вештачат.
-
Економија 29.10.2014 16:36
Нови вработувања за крушевчани
Нова инвестиција во текстилната индустрија во Крушево. Компанијата ОРКА Холдинг ја презеде текстилната фабрика од поранешен „Голд текст“ заедно со 60-те вработени и планира да вработи уште минимум од 200 до 250 луѓе.
-
Македонија 29.10.2014 16:29
Помало загадување и заштеда: Гасифицирана болницата „8-ми Септември“
40 тони сулфур годишно помлаку во воздухот. По Kлиничкиот центар, од денеска на гас почна да работи и Градската општа болница „8 – ми Септември“.
-
Македонија 29.10.2014 16:25
ФЗОМ: Полесен пристап до лекови и финансиско олеснување за пацинтите
Полесен пристап до терапија за заболените на тироидната жлезда. Наместо на Институтот за патофизиологија, 10 илјади осугуреници со потврдена дијагноза, лабораториски испитувања и продолжување на терапијата ќе добиваат кај матичен лекар. На овој начин ќе им се намалат и трошоците и гужвите.
-
Култура 29.10.2014 16:15
Во петок почнува да се снима „Ослободување на Скопје“
Во петок во Велес ќе почне снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ по сценарио и режија на познатиот актер Раде Шербеџија, кој пред триесетина години играше и во истоимената претстава според драмата на Душан Јовановиќ.










