Работевме напорно, направивме многу тестови и анализи за мисијата, но нешто тргна наопаку – се огласи НАСА по експлозијата на ракетата Антарес. Разочарани сме што не ја исполнивме обврската кон Меѓународната вселенска станица.
Вести
-
Свет 29.10.2014 16:12
-
Македонија 29.10.2014 16:07
Полицијата и граѓаните заедно: Отворен Центар за превенција во Гази Баба
Старото кино во Маџари од денеска е Центар за превенција. Наместо во полициска станица, жителите на Гази Баба овде ќе можат да добиваат информации, да разменуваат идеи и да даваат предлози со цел населбите во кои живеат да бидат побезбедни.
-
Економија 29.10.2014 16:06
Стабилни и постојани девизни приливи од дијаспората
Секоја година меѓу 18 и 20% од БДП се слеваат во Македонија во вид на приватни трансфери. Анализите велат дека девизните приливи се постојани и релативно стабилни, без оглед на глобалната економска криза. Лесно може да се види во која земја нашинците имаат поголем финансиски потенцијал.
-
Македонија 29.10.2014 15:56
Почна судскиот процес за двојното убиство кај Зоолошка
По седум години почна судскиот процес за двојното убиство кај Зоолошката градина. Обвинетиот Ѓорги Топаловски рече дека не се сеќава како ги убил Андреј Филип и Новица Благојевиќ кои претходно со тупаници и клоци го истепале.
-
Свет 29.10.2014 14:07
Грција и Шпанија со највисоки стапки на детска сиромаштија во светот
Економската криза турнала во сиромаштија 800 илјади деца во Шпанија, соопшти УНИЦЕФ. Земјата има една од највисоките стапки на детска сиромаштија во светот – 36,3 проценти.
-
Свет 29.10.2014 14:03
Обвинителката на Еулекс- нов Асанж?!
Обвинителката на Еулекс, Марија Бами се заканува дека ќе биде новиот Асанж што ќе ја потресе Европската унија.
-
Економија 29.10.2014 13:49
Расте кредитирањето на претпријатијата и населението
Кредитирањето и на населението и на претпријатијата во третиот квартал од годинава забележало пораст, побарувачката за кредити, исто така, била поголема, а условите за кредитирање биле олеснети, покажуваат резултатите
-
Економија 29.10.2014 13:31
Индустриското производство во септември со раст за 9,1%
Индустриското производство во септември е зголемено за 9,1 процент во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
-
Македонија 29.10.2014 13:11
Нов лек на позитивната листа- олеснување за 20 илјади пациенти
Нов лек за кардиоваскуларни болести на позитивната листа. Дваесетина илјади пациенти ќе бидат ослободени од плаќање. Досега од сопствен џеб, заедно плаќале по 57 милиони денари годишно.
-
Свет 29.10.2014 12:41
САД ги зајакнува мерките за безбедност
Вашингтон ги засилува мерките за безбедност околу зградите на сојузната Влада. По нападите во Парламентот во Канада, уште еднаш се вклучи алармот за превентивна заштитаод тероризам.










