Изборите во Босна и Херцеговина донесоа една промена во претседателството, старите партии го задржаа водството во ентитетите. Најголемата промена се случи на хрватското место.
Вести
-
Свет 05.10.2026 11:07
-
Економија 05.10.2026 10:32
Денеска нова одлука за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата. Премиерот Мицкоски очекува пониски цени. Со одлуката на најразвиените земји од „Г-7“ да пуштат на пазарот 100 милиони барели нафта и дизел од стоковите резерви, ќе влијаат за пад на цената.
-
Македонија 05.10.2026 10:02
Две комисии денеска во Собрание
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на двете собраниски тела е Предлог-законот за дополнување на Законот за државните награди, кој ќе се разгледува во прво читање.
-
Економија 05.10.2026 09:25
Стопанската комора предлага измени на Законот за празниците
Стопанската комора денеска ќе ги презентира своите предлози за измени на Законот за празниците, со кои, како што најавува, треба да се оптимизира бројот на неработни денови и да се зголемат продуктивноста и економската ефикасност.
-
Македонија 05.10.2026 09:00
Премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото пуштање во употреба на новата детска градинка во Општина Теарце. На отворањето ќе присуствуваат евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на Општина Теарце, Даут Мемиши.
-
Македонија 05.10.2026 08:34
Средба на Гаши со поранешни претседатели на Собранието
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе се сретне со поранешни претседатели на законодавниот дом.
Поранешни собраниски спикери ќе го посетат Собранието, а средбата ќе се одржи во 13 часот во Охриската сала.
-
Македонија 05.10.2026 08:15
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 05.10.2026 08:14
Сончево и релативно топло, температурите до 29 степени
Времето денеска ќе биде ведро и студено наутро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6 степени, додека максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
-
Култура 04.10.2026 20:33
Расте посетеноста на културно-историските локалитети во Охрид
Расте бројот на посетители на културно-историските локалитети во Охрид. За разлика од минатото, кога најголем интерес имаше во летниот период, последните години посетеност има во текот на целата година.
-
Македонија 04.10.2026 20:07
Машкото здравје сè уште табу-тема
Прилепчанецот Илија Стеваноски е пациент на онкологија. Навреме се обратил и вели, нема срам за машкото здравје.
Помладите велат дека се преокупирани со други проблеми.










