Денешното невреме што го зафати главниот град ги поплави улиците. Сообраќајот се одвиваше многу тешко, возилата заглавија во водата. Нашата екипа еден час ја минуваше улицата кај Континентал.
Вести
-
Македонија 31.07.2014 19:47
-
Свет 31.07.2014 19:40
Нов бран на невреме во Србија
Нов бран невреме во Србија, најзагрозен е југот од земјата. 15 часа не престануваат поројните дождови во Костолац, надојдената вода којашто се слева од ридовите го загрози работењето на термоелектраната ,,Костолац А“. Безбедноста на луѓето е подигната на највисоко ниво.
-
Македонија 31.07.2014 19:31
Од утре автоматско здравствено осигурување
Нововработените и оние кои ќе сменат работно место со пријавување во Агенцијата за вработување автоматски ќе добиваат здравствено осигурување. Ниту за новороденчињата нема повеќе да се доставува извод од матичната книга до Фондот.
-
Македонија 31.07.2014 17:34
Градот Скопје се справува со последиците од силното невреме
По невремето со силен ветер и обилни врнежи од дожд што го зафати Скопје пред еден час екипите на Градот Скопје, на ЈП „Водовод и канализација“, ЈП „Паркови и зеленило“, ЈП „Комунална хигиена“ и на Противпожарната бригада веднаш излегоа на терен и ги санираа штетите, велат од Град Скопје.
-
Свет 31.07.2014 17:26
Еболата забрзано се шири низ Африка
Застрашувачки фрапантно продолжува ширењето на еболата низ западна Африка. Најзагрозени региони се Сијера Леоне, Либерија и Нова Гвинеја. Од почетокот на месецот до сега Светската здравствена организација забележала 50 новозаразени случаи и 25 смртни исходи.
-
Економија 31.07.2014 17:21
По трет пат пониска цена на парното
И официјално цената на парното се намали. Регулаторната комисија ја изгласа предлог одлуката со што корисниците на парно приклучени на Балкан Енерџи Груп ќе плаќаат пониска цена за 4,67 проценти.
-
Македонија 31.07.2014 17:15
УГД со нова понуда за професорите кои штрајкуваат
Универзитетот Гоце Делчев излезе со нова понуда до професорите кои штрајкуваат.
-
Економија 31.07.2014 17:13
УЈП: Бизнисот бараше да се намали прагот на ДДВ
По барање на бизнис заедницата наместо со два милиони, задолжителен ДДВ обврзник фирмите ќе стануваат со еден милион денари годишен промет. Невистина се шпекулациите дека мерката ќе ја полни буџетската каса – тврди првиот човек на УЈП.
-
Свет 31.07.2014 17:07
Израел е решен да ги уништи сите тунели на Хамас
Израел е решен да ги уништи сите тунели на Хамас, без разлика на напорите на меѓународната заедница да воспостави прекин на огнот, изјави израелскиот премиер Нетанјаху на седница на Владата. Мобилизирани се 16.000 израелски резервисти.
-
Македонија 31.07.2014 17:03
Многу низок ризик за проширување на Ебола во Македонија
Комисијата за заразни заболувања денеска одржа редовна работна средба на која беше разгледана состојбата со вирусното заболување Ебола во земјите во Африка.









