Заврши најлудата и најголемата забава на овие простори, 12-тиот по ред Пиво фест. Оценките се дека ова издание е најдобриот досега организиран фестивал.
Граѓаните после фестивалот се презадоволни.
Заврши најлудата и најголемата забава на овие простори, 12-тиот по ред Пиво фест. Оценките се дека ова издание е најдобриот досега организиран фестивал.
Граѓаните после фестивалот се презадоволни.
Резбарска работилница стара 60 години во затворот Идризово, целосно изгоре во пожар, увидот ќе покаже од што и како настанал. Според директорот на затворот најверојатно станува збор за дотраена електрична инсталација.
Здрави и безбедни, 151 војник на македонската армија ги исполни во целост сите задачи во мировната мисија во Авганистан.
Македонија бележи економски резултат за респект, со овој став унгарската влада најави интензивирање на соработка- преку државава ќе ги освојува и Балканските пазари. Во Скопје го отвори првото економско преставништво во Југоисточна Ервопа.
23 годишниот Брус и неговата 20 годишна девојка Дејзи од Холандија беа на кобниот малезиски Боинг 777.
Фрлале камења, дрва и бекатон плочки. Ги искршиле прозорците на Kривичниот и Граѓанскиот суд во Скопје. Од улицата Цветан Димов, па преку Јаја Паша стигнале во толпата кога сториле штета од милион и шестотини денари.
Јавното претпријатие за државни патишта постави во селото Батинци ново осветлување во должина од 2,2 километри и изгради пешачка патека.
Македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски настапи во престижната сала „Вигмор“ во Лондон, а снимката од неговиот концерт ќе се најде на компакт диск за престижната етикета на „Вигмор Хол“.
,,Мислам дека сепак е потешко да се биде успешен менаџер во државна отколку во приватна болница“, вели академик д-р Жан Митрев кој ја доби престижната меѓународна награда од организаторот EUROPE BUSINESS ASSEMBLY и од Комитетот Сократ на почетокот на јули во Стреса, Италија, на Самитот за здравје
По 97 години семејната компанија, „Forbes media“ објави дека мнозинскиот удел е купен од група на инвеститори со седиште во Хонг Конг.
Стив Форбс и натаму останува претседател на одборот на директори и главен уредник на списанието „Форбс“.