Компјутери донирани од државните институции компании и граганите ќе добијат социјално загрозените семејства. Користена информатичка опрема репарирана, со инсталиран оперативен систем ќе им биде подарена.
Вести
-
Македонија 26.06.2014 15:39
-
Македонија 26.06.2014 15:24
50 илјади граѓаните сеуште немаат поднесено барање за електронска здравствена картичка
Милион и 500 илјади граѓани имаат електронски здравствени картички. Уште 225 илјади изработени треба да си ги земат од шалтерите на подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување.
-
Македонија 26.06.2014 15:22
Пожар во фабриката „Виго 48“ во Битола
Пред помалку од еден час избувнал пожар во фабриката за кекси и вафли „Виго 48“ во Битола.
Според информации на МРТ фабриката се уште гори, а на терен веќе се противпожарните служби.
-
Македонија 26.06.2014 15:20
Поблиску до службите на МВР преку мобилната полициска станица
Жителите од руралните средини веќе немора да го трошат времето и да одат во најблиските полициски станици за да завршат работа. Стартуваа мобилните полициски станици.
-
Македонија 26.06.2014 15:05
Груевски најави реализација на три клучни проекти во областа на Катастарот
При посетата на Велес, премиерот Никола Груевски најави три суштински измени на Законот за катастар. Првата е можност за бесплатна изработка на елаборати а легализација на дивоградби за околу 40.000 лица приматели на социјална помош и постојана парична помош.
-
Култура 26.06.2014 14:23
Велес доби нов театар
Во Велес отворена новата зграда на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, инвестиција на Владата на Република Македонија.
-
Економија 26.06.2014 13:58
ДЗС: Поповолна состојбата во преработувачката индустрија
Економската состојба на фирмите од преработувачката индустрија во мај во однос на април годинава е поповолна, а понеповолна споредено со мај лани, оценуваат раководителите на фирмите, во анкетата на Државниот завод за статистика. -
Свет 26.06.2014 13:51
Жестоки судири во Ирак, нападнати упориштата на џихадистите
Безбедносната состојба во Ирак и натаму е кревка. Сириската војска почна воздушни напади врз цели за кои се претпоставува дека се упоришта на џихадистите. Премиерот Малики ја потврди информацијата истовремено подржувајќи ги нападите против екстремистите.
-
Свет 26.06.2014 13:42
Оворена нова потрага по малезискиот боинг
Почнува нова потрага по малезиски боинг 777 којшто исчезна на 8-ми март. Во јавноста излегоа нови информации коишто би можеле да помогнат во пронаоѓање на леталото.
-
Македонија 26.06.2014 13:37
Социјално ранливите категории граѓани ќе добијат бесплатен компјутер
Владините институции, компаниите и граѓаните кои имаат компјутерска опрема што не ја користат, можат да ја донираат на социјално ранливите категории граѓани. Компјутерските фирми бесплатно ќе ја репарираат и прилагодат за идните корисници.










