Вести

  • Економија 22.04.2014 14:59

    Нов погон на компанијата „Тритекс“ во индустриската зона - Прилеп 1

    Уште една успешна компанија се одлучи проширувањето на своите призводствени капацитети да го лоцира во Индустриската зона – Прилеп 1 и со тоа да го потврди својот растечки потенцијал, соопштуваат од општина Прилеп.

  • Македонија 22.04.2014 14:44

    Филип Морис ќе донесе зголемен квалитет

    Над 40.000 склучени договори, зголемени производство и извоз, навремена исплата. Сезоната за откуп заврши. Стопанската комора ги сумираше резултатите. Просечната цена била пониска, но затоа субвенциите достигнале 31 милион евра.

  • Свет 22.04.2014 14:25

    Реакција по резолуцијата на ЕУ за Јужниот тек

    Резолуцијата е плод на емотивен израз на Европската Унија за побрза политичка и економска стабилизација на Украина, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија, Кристијан Вигенин.

  • Свет 22.04.2014 14:18

    Полскиот премиер Доналд Туск повикува создавање енергетска унија на ЕУ

    Русија која што обезбедува една третина од потребите на ЕУ за гас  и нафта, предизвика најголема криза во односите со западот по студената војна, поради отцепувањето на полуостровот Крим од Украина.

  • Македонија 22.04.2014 14:08

    Метео

    По денешниот сончев и потопол ден на видик е нова нестабилност која што ќе го зафати нашето поднебје со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
     
    За подетални информации гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
     
  • Свет 22.04.2014 13:54

    80 % од германците се задоволни од актуелната состојба во својата земја

    Најзадоволни се младите помеѓу 18 и 29 години и постарите од 59 години.Во овие групи задоволството од актуелната состојба во земјата е 85%. Ова се резултатите од истражувањето на Институтот Инфратест димап објавени во Дер Шпигел.

  • Свет 22.04.2014 13:36

    Бајден: Украина има поддршка од САД

    САД стојат зад Украина пред „понижувачките закани“, изјави во Киев американскиот потпретседател, Џо Бајден кој допатува за да спасува што може од Женевскиот договор.

  • Свет 22.04.2014 13:12

    Рибар уловил ајкула тешка 363 килограми

    Џон Полк од Флорида уловил ајкула долга 3,5 метри и тешка 363 килограми .

    Ајкулата ја уловил во близина на Мексиканскиот Залив со помош на неговите братучеди. Точната локација ја чуваат во тајност.

  • Македонија 22.04.2014 12:54

    МВР спречи три обиди за илегална емиграција

    Министерството за внатрешни работи во изминативе неколку дена реализираше три случаи на илегална емиграција при што задржани се 15 лица на возраст од 17 до 42 години по потекло од Сомалија, Сирија и Авганистан, информира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која денеска го посети
  • Економија 22.04.2014 12:51

    Бензините поскапуваат за 1,5 денари, дизелот за денар

    Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуа за 1,5 денар, а на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
     

Pages