На граничниот премин „Tабановце“ запленети се 13 килограми висококвалитетна марихуана, чија вредност при продажба на големо би достигнала вредност од околу 40 илјади евра. Запленетата марихуана во 26 пакетчиња, била наменета за западно европскиот наркопазар.
Вести
-
Македонија 20.04.2014 14:43
-
Македонија 20.04.2014 14:33
Дочек на Велигден во Кичево
Велигден велат е најзначајниот ден, ги зближува луѓето и верите.
-
Свет 19.04.2014 14:30
Жртви во експлозија на бомба во Сирија
Најмалку 14 лица загинаа, повеќе од 50 се повредени во силна експлозија на автомобил бомба во близина на џамија во централниот дел на Сирија, дел под контрола на силите на режимот на Башар Ал Асад. Експлозијата се случила во момент кога верниците излегувале од џамијата по молитвата.
-
Свет 19.04.2014 14:27
„Специјален статус“ на рускиот јазик во Украина
Вршителот на должност претседател на Украина Турчинов и премиерот Јацењук ветија „специјален статус“ на рускиот јазик во Украина и широка децентрализација на властите, како обид да се завршат руските протести на истокот на земјата. Апелираа и до народот да се водржи од насилство.
-
Македонија 19.04.2014 14:22
Честитка од Никола Груевски до Поглаварот на МПЦ - Г.г. Стефан
Ваше Блаженство,
-
Македонија 19.04.2014 14:18
Поплави во Македонија нема
Поплави во Македонија нема,- информираат од центарот за управување со кризи. Зголемено е нивото на водата во реките, но е во рамки на нормалата. Тимови на центарот за управување со кризи ја контролираат состојбата на теренот.
-
Македонија 19.04.2014 14:12
Велигденска литургија во Радишани
На денот што претходи на победата на животот над смртта, меѓу распетието и воскресението, Велика сабота, во црквата св. Наум Охридски во скопско Радишани, се одржа свечена литургија, со која богослужеше поглаварот на МПЦ Охридска архиепископија.
-
Свет 19.04.2014 14:05
Поплави во Србија
Поради поплави е прогласена вонредна состојба во делови од западна Србија. Најзагрозена е областа околу Краљево. Иако во текот на ноќта врнежите од дожд престанале, ситуацијата сеуште е критична бидејќи дел од водата во реките не се повлекла.
-
Македонија 19.04.2014 14:01
Субвенции за лозарите и овоштарите
За одржување на насадите,лозарите годинава добиваат по 40 илјади денари по хектар. -
Македонија 19.04.2014 13:14
Метео
За Велигден не очекува делумно подобрување на временските услови.Празничниот викенд продолжува со променливо облачно време сончеви периоди во поголем дел од земјава и малку повисока температура.И натаму ќе има услови за на места краткотраен локален дожд.





