САД ѝ дадоа едногодишен исклучок на Унгарија од санкциите за користење руска нафта и гас. Одлуката следува по состанокот Трамп – Орбан во Вашингтон.
Вести
-
Свет 08.11.2025 14:17
-
Македонија 08.11.2025 13:51
Кумановската болницата остана без анестезиолог, недостасува и средно медицински персонал
Кумановската болница која опслужува околу 200.000 жители од североистокот, остана без анестезиолог. Последните две заминуваат во пензија. Проблемот се решава со дежурства на лекари, од установите од останатите градови и Скопје.
-
Свет 08.11.2025 13:15
Турција издаде налози за апсење на Нетанјаху и уште 36 израелски функционери поради геноцидот во Газа
Турција издаде налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и повеќемина функционери на Израел, обвинувајќи ги за геноцид и злосторства против човештвото во Газа.
Меѓу 37-те осомничени се министрите за одбрана и за национална безбедност и началникот на армијата.
-
Култура 08.11.2025 12:42
Наградата „Жива“ да се стави во функција на туризмот
Откако охридскиот Завод и Музеј ја доби престижната награда „Жива“ за најдобар локалитет на словенското наследство за 2025-та година, од оваа институција велат дека тоа е огромна можност за развој на културниот туризам.
-
Македонија 08.11.2025 12:04
Жените земјоделки бараат пристап до права
Од утро довечер е на нивата, со производството, а потоа со семејството. Елизабета Олиманова е рурална жена, земјоделка од прилепското село Славеј. Се бори за поголемо производство, за подобар пласман, за здраво семејство. Вели, земјоделството го лекувале многу, но со погрешна дијагноза.
-
Македонија 08.11.2025 11:22
Обвинение за организација на борби со кучиња
Грчки државјанин сопственик на куче “пит бул”, косовски државјанин сопственик на куче од расата “американски стафорд”, како и двајца македонски државјани како соизвршители ќе одговараат на кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Свет 08.11.2025 11:03
Русија ги интензивира нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
Руската војска ги интензивира воздушните напади врз гасните централи и електраните низ Украина. Има загинати и повредени. И натаму главна цел е освојување на важниот логистички центар Покровск на истокот.
-
Македонија 08.11.2025 10:38
Сообраќајот по влажни коловози, нема подолги задржувања на границите
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, информира АМСМ.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 08.11.2025 09:55
Најмногу дожд изминатото деноноќие во Пожаране и Попова Шапка
Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка, а најмалку во Штип и Кавадарци.
-
Свет 08.11.2025 09:30
Трамп со исклучок за Унгарија од санкциите за руските енергенси
По средбата со унгарскиот премиер Орбан во Белата куќа, американскиот претседател Трамп сугерира оти би можел да направи исклучок со Унгарија во однос на санкциите што Вашингтон ги воведе на увозот на руска нафта.










