Расте бројот на луѓе што го напуштаат градот Газа, откако израелската армија ги повика жителите да се евакуираат кон јужниот дел на енклавата. Израел продолжува со офанзивата. Обединетите нации предупредуваат на тешка хуманитарна криза – недостиг на храна, лекови и недостапност на засолништа.
Вести
-
Свет 14.09.2025 12:48
-
Македонија 14.09.2025 12:23
Лишени од слобода возачи во Кавадарци, Битола и Куманово затоа што управувале возила под дејство на алкохол
На 14.09.2025 во 03:40 часот на улица „Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.С.(38) од Неготино.
-
Македонија 14.09.2025 12:00
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија за утврдување важни факти и обезбедување докази за понатамошна постапка.
-
Македонија 14.09.2025 11:47
Диви свињи го уништуваат родот во дојранско, земјоделците на мака
Жителите на Фурка, дојранско мака мачат со дивите свињи кои им ги уништуваат лозовите насади. Во пресрет на годинашнава берба, тие секојдневно дежураат по насадите. Тврдат дека ова е проблем со кој се соочуваат со години.
-
Македонија 14.09.2025 11:24
Почетокот на школската година ги наполни амбулантите
Настинки, вируси, инфекции на респираторен систем, болно грло и варичела се најчестите причини за кои родителите бараат помош од матичните лекари во овој период од годината.
-
Култура 14.09.2025 10:55
Наградата „Ристо Шишков“ за Билјана Драгичевиќ-Пројковска
Билјана Драгичевиќ-Пројковска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 33-то издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица.
-
Македонија 14.09.2025 10:22
Приведен возач од Гевгелија, со возило удрил во мотоцикл во Илинден, со тешки повреди се здобиле двајца малолетници
Денеска во 00:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(36) од Гевгелија и мопед управуван од 16-годишник од с.Идризово, скопско.
-
Свет 14.09.2025 09:52
Нов инцидент, затегнати односите на релација Вашингтон-Каракас
Односите Вашингтон-Каракас и натаму затегнати. Нов инцидент во венецуелските води.
18 војници од американски воен брод се качиле на венецуелски брод со девет рибари што ловеле туна. Венецуелските власти предупредија дека ќе го бранат својот суверенитет од каква било „провокација“.
-
Македонија 14.09.2025 09:36
Пожарот во Трубарево изгаснат, останува силно чадење
Пожарот што вчера ја зафати фабриката за преработка на отпад во Трубарево е изгаснат, но на терен сè уште има силно чадење кое пробива низ земјата и песокот со кој се затрупани дел од материјалите, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
-
Македонија 14.09.2025 09:01
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.










