Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.
Игор Панов е во законодавниот дом.
Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.
Игор Панов е во законодавниот дом.
Социјалдемократскиот сојуз освои уште три градоначалнички места, вкупно шест на овие локални избори. Според претседателот на партијата Филипче, СДСМ останува втора партија по големина. Најави кадровски промени во раководството, но и партиски конгрес.
Голема победа на коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, објави Мицкоски. Ова е победа на вербата и надежта, но и порака-да не се забегува во победата, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Орце Ѓорѓиевски победи убедливо во Скопје во однос на противкандидатот Мециновиќ.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), на првиот круг од локалните избори 2025 за градоначалници, одѕивот изнесувал 48,30% од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи.
Во вториот круг од локалните избори за градоначалници, што се одржа во 33 општини, според податоците од гласањето, вкупно 19.287 гласачки ливчиња се евидентирани како неважечки. Тоа претставува 5,6 отсто од вкупно 345.525 гласачи кои излегоа на гласање.
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Во периодот од 01.10.2025-31.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишана
Просечната каматна стапка на вкупните кредити во септември 2025 година изнесува 4,85 проценти и бележи намалување и на месечно и на годишно ниво, покажуваат податоците на Народната банка. Истовремено, каматната стапка на вкупните депозити пораснала на 2,20 проценти.
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе управува со вкупно 55 општини, вклучително и со Градот Скопје, покажуваат резултатите од двата круга на локалните избори 2025 година.