Денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија ќе се одржи тркалезна маса за етичката употреба на вештачката интелигенција во високото образование и медиумите.
Вести
-
Македонија 29.09.2026 09:17
-
Економија 29.09.2026 08:52
Промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – Фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во држава
-
Македонија 29.09.2026 08:12
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.09.2026 08:07
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
-
Македонија 29.09.2026 07:55
Продолжува Регионалната конференција за фемицид во Собранието
Во Собранието денеска втор ден се одржува Регионалната конференција за фемицид во Југоисточна Европа, во организација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
-
Свет 28.09.2026 20:43
Петмина уапсени поради сомнителен заговор за напад врз британска воена база
Заврши драмата во кралската воздухопловна база Велфорд која предизвика паника во Велика Британија. По пријава на жител кој забележал три сомнителни возила, полицијата уапси петмина мажи кои планирале поставување експлозив.
-
Македонија 28.09.2026 20:07
Преку домашен ајвар до заработка и привлекување млади за подготовка – Ајверијада во Босилово
Жителите на Општина Босилово ги запалија ќумбињата и го презентираа процесот на подготовка на домашен ајвар. Четврта година по ред ја одржуваат манифестацијата Ајверијада за да ги промовираат и продадат домашните преработки од црвена пиперка традиционален начин.
-
Култура 28.09.2026 20:00
Филхармонија ја отвора новата сезона со 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон
Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ја отвора новата концертна сезона „Филхармонија: On Air“. На концертот насловен „Симфониски бранови“ како солист ќе настапи младиот 13-годишен машки сопран Алексис Изар Гордон, а диригент е Александар Гордон.
-
Свет 28.09.2026 19:35
Војната во Украина не запира, Русија ги интензивира нападите
Ужасите на војната во Украина не запираат. Руските сили ги интензивираат нападите. Има загинати и ранети цивили. Во Харковската област настрадале најмалку 25 лица откако била погодена станбена зграда. Две момчиња, на возраст од осум и 12 години се хоспитализирани.
-
Македонија 28.09.2026 18:57
Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската унија
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок во Скопје ќе се сретне со државниот врв. Посетата доаѓа во период кога Македонија ги чека информациите за новиот модел на проширување, но и барањето Брисел да посредува во решавањето на спорот со Софија.










