Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, најавија од владината прес-служба.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, најавија од владината прес-служба.
Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме.
Температурата наутро ќе биде од 12 до 20 целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 37 степени.
Денеска околу 05:30 часот во Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.З.(65) и И.Р.(67), двајцата од Тетово.
Скопското обвинителство поведе истрага против едно лице, осомничено за изнуда на околу еден и пол милион денари.
Без соодветна и ефективна системска заштита, поддршка и можност за реинтеграција, остануваат жените жртви на насилство, покажа анализата на државниот заводот за ревизија. Утврдени се и недостатоци во делот на сместување. Мал е бројот на легла во засолништата и советувалишта.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на 7 проекти со вкупно 18 корисници – општини и организации од граѓанскиот сектор од Македонија.
До крајот на годинава ќе бидат испочитувани голем дел од препораките на УНЕСКО. Институциите започнаа итна, неодложна и координирана акција за зачувување на статусот на УНЕСКО на Охридскиот регион. Ова се дел од заклучоците на денешниот состанок на Националната комисија.
Компаниите ќе ги добијат парите од солидарниот данок. До нив е доставен предлог за исплатата да се изврши во две рати, во март в година и март 2027-ма.
Меѓународната заедница со остри тонови за протестите во Србија. Властите во Белград мора да ги разјаснат нападите врз демонстрантите, принципите на владеењето на правото мора да се почитуваат, а слободата на собир мора да биде гарантирана, предупреди Берлин.
Чистка на сите што го довеле судството и обвинителството на ниво од два проценти доверба, најави премиерот Мицкоски по завршување на локалните избори. Тој вели – ставот е конзистентен, ќе продолжи и постапката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.