Се повеќе туристи на мапата ја одбираат Македонија како атрактивна дестинација, со голем број културни обележја. Но, на секој чекор се соочуваат со потешкотии.
Вести
-
Македонија 22.08.2025 14:03
-
Свет 22.08.2025 13:42
Остри реакции за гладот во Газа, се бара итен прекин на огнот
„Глад предизвикан од суровост“-вака шефот на хуманитарната помош на Обединетите нации ја оцени моменталната ситуацијата во Газа, обвинувајќи го Израел за попречување на помошта. Флечер побара итен прекин на огнот и отворање на сите премини за да се овозможи непречен влез на храна и залихи.
-
Економија 22.08.2025 13:26
Нови протоколи за патување во ЕУ
Новите протоколи за управување и контрола на влезот во шенген зоната, во фокусот на средбата помеѓу вицепремиерот Александар Николоски и претседателот на ССМ, Азески. Како ќе влијаат на бизнисот?
Известува Александра Велинова.
-
Македонија 22.08.2025 13:18
Утре почнува увидот во Избирачкиот список
Од утре заклучно до 11-ти септември граѓаните може да го проверат Избирачкиот список и да поднесат барања за запишување, дополнување или бришење податоци. Државната изборна комисија ќе ги проверува барањата. Таму во тек седница.
Известува Анита Димитријевска-Велковска
-
Македонија 22.08.2025 13:14
Дождот го спаси Јасен
Дождот помогна по неколкудневната битка со огнената стихија изгаснат е пожарот на Јасен, но сè уште има ризици на жешките точки. За попладне метеоролозите најавуваат силен ветер, опасност за разгорување на пожарите.
-
Македонија 22.08.2025 13:11
Мицкоски: Во најскоро време хидросистемот „Ѓавато“ ќе биде целосно оперативен и функционален
Се санираат проблемите со пумпите на хидросистемот „Ѓавато“. Дојранското Езеро е пред нова еколошка катастрофа по повлекување на водата. детектирани се пукнатини на цевки преку кои се полни. Во увид беше и претседателот на владата, Мицкоски.
-
Македонија 22.08.2025 12:48
Амар Мециновиќ- кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
Амар Мециновиќ, актуелен пратеник и поранешен член на Советот на Град Скопје, ќе биде кандидат за градоначалник на главниот град од партијата Левица.
-
Македонија 22.08.2025 12:27
Приведен крадец од струмичко, одземеното вратено на сопственикот
Вчеравечер во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Г.(34) од с.Просениково, струмичко, поради сомнение дека извршил кражба на мопед. Тој бил задржан во полициска станица, а мопедот бил пронајден и вратен на сопственикот.
-
Македонија 22.08.2025 12:04
Обвинителство: Истрага за поседување детска порнографија
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 22.08.2025 11:48
Поместени граници во ортопедска трансплантација – извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија
На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.










