Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе одбележи две децении од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации. Одбележувањето ќе се одржи во Клубот на пратеници под мотото „20 години транспарентност што гради доверба“.
Вести
-
Македонија 28.09.2026 09:19
-
Свет 28.09.2026 08:28
Вучиќ поднесе оставка од претседателската функција во Србија
Александар Вучиќ поднесе оставка на функцијата претседател на Србија, најавувајќи дека ќе учествува на предвремените парламентарни избори на 25 октомври. Вучиќ во обраќање на РТС изјави дека „денес е денот“ кога се повлекува од претседателската функција.
-
Македонија 28.09.2026 08:16
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 28.09.2026 08:14
Собранието домаќин на регионална конференција за фемицид
Собранието следниве два дена е домаќин на регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа.
-
Македонија 28.09.2026 08:06
Сиљановска-Давкова учествува на 22. Европски самит во Салцбург
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.
Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.
-
Македонија 28.09.2026 08:01
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
-
Свет 27.09.2026 20:00
Крвава ноќ во Јужна Африка: 27 загинати во две масовни пукотници
Крвава ноќ во Јужна Африка. 27 лица загинаа, повеќемина се ранети во две одделни масовни пукотници што се случиле за само неколку часа. Првиот инцидент бил во бар западно од Јоханесбург, каде вооружени лица со калашникови и пиштоли отвориле оган врз гостите, кои биле внатре и надвор од локалот.
-
Свет 27.09.2026 19:22
Апсења на северот на Косово поради сомнение за извршени воени злосторства
Деветмина Срби се уапсени на северот на Косово под сомнение дека извршиле воени злосторства.
-
Македонија 27.09.2026 18:47
Протестен собир за поддршка на поранешните лидери на ОВК
Со извици „УЧК, УЧК“, но и повици за правда – попладнево во Скопје, на плоштадот Скендербег се одржа протестен собир во знак на поддршка за поранешните лидери на ОВК, кои специјалниот суд во Хаг ги осуди за воени злосторства и злосторства против човештвото.
-
Свет 27.09.2026 18:32
Петмина уапсени поради сомнение за напад во воена база во Велика Британија
Сериозен инцидент во близина на воена база, предизвика паника во Велика Британија. Петмина се уапсени под сомнение дека планирале напад со експлозив во Кралската воздухопловна база во Велфорд.









