Да го зајакнеме она што докажано функционира – се одбележува Светската недела на доењето. Колку доењето е важно за одржлив почеток на живот?
Андријана Ѓурческа ги пренесува пораки.
Да го зајакнеме она што докажано функционира – се одбележува Светската недела на доењето. Колку доењето е важно за одржлив почеток на живот?
Андријана Ѓурческа ги пренесува пораки.
Дигитализацијата е од особена важност за секоја сфера од живеењето, во контекст на олеснување на одредени процедури, па дури и во земјоделието. Колку нашите институции се подготвени?
Известува Александра Велинова.
Очекувано и во Собрание проблемот со водата во Гостивар, дел од последен ден од пратенички прашања пред летниот распуст на пратениците. Прв почна со прашање, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Седница ја следи Марија Котовска.
Проблемот со водата во Гостивар продолжува. Секој ден се земаат мостри и не можеме да шпекулираме кога водата ќе биде безбедна за пиење, вели министерот Клековски.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
Зоран Герасимовски е избран за вршител на должност претседател на скопска Апелација. На седницата на Судскиот совет доби поддршка од девет членови. Претходно, предлогот Тања Милева да биде ве де претседател на Апелацискиот суд не го доби потребното мнозинство.
Во извештајот за 2024-та, Државниот завод за ревизија констатира проблеми што ја загрозува секојдневната ликвидност на Фондот за здравствено осигурување, поради ненавремената уплата на средства по основа на придонеси од надлежните институции.
Само неколку дена откако струшкиот суд му го врати пасошот, Борче Марковски, обвинет за злоупотреби со тендерите во РЕК „Битола“, ја напушти Македонија. Според информациите, позитивно мислење за враќањето на пасошот дало Вишото јавно обвинителство во Битола.
Украинските сили нападнаа една од најголемите руски рафинерии за нафта, на повеќе од 1.500 километри од границата, која преработува 13 милиони барели нафта годишно. Руската војска со беспилотни летала нападна два брода во морето источно од Одеса.
По неколку дена релативен мир, разгорувањето на конфликтот на повеќе фронтови на Блискиот Исток го зголеми ризикот од враќање кон тотална војна.
На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија.