Кога ќе излезете од својот дом за да ги завршите дневните обврски, мини депонии на секој чекор. Дождот дополнително го отежна проблемот со расфрланото ѓубре. Непријатна миризба и лоша слика која не доликува на метропола.
Вести
-
Македонија 27.09.2025 16:16
-
Македонија 27.09.2025 15:31
26 години од најдолгата мисија на НАТО на Косово
26 години постои најдолгата мисија на НАТО на Косово-КФОР. Во 1999 година, силите на НАТО влегоа на Косово со мандат на Обединетите нации согласно со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност.
-
Македонија 27.09.2025 14:44
Денеска 24-ти „Марш на ангелите“ во Кочани
Денеска во Кочани по 24-ти пат ќе се одржи „Маршот за ангелите“ на семејствата и роднините на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“. Протестот ќе започне во 17:05 часот.
-
Македонија 27.09.2025 13:56
Претседателката Сиљановска-Давкова се обрати на Универзитетот Колумбија во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа предавање на Светскиот лидерски форум на Универзитетот Колумбија во Њујорк, каде што пред академската заедница го елаборираше исходот од бесконечното одложување на ветувањето за европска интеграција на земјите од Балканот.
-
Македонија 27.09.2025 13:39
Недостигот на кадар, предизвик број еден во здравството
Недостигот на кадар, предизвик број еден во здравството. Алармантна е состојбата со медицинските сестри, во болниците ширум земјава недостигаат околу 6.000.
-
Свет 27.09.2025 12:40
Протече планот на Трамп со решение за ситуацијата во Газа
По средбите со лидерите на Блискиот Исток, протече планот на американскиот претседател од 21 точка за крај на војната во Газа. Документот предвидува итен прекин на судирите, ослободување на сите заложници, постепен пренос на власта во Газа, како и разоружување на Хамас.
-
Македонија 27.09.2025 11:48
Шест лица со попреченост на кандидатските листи
Учениците на изборите да покажат волја за инклузија на сите граѓани, бараат од Здружението „Инклузива“. Политичките партии и коалициите велат да се консултираат со лицата со попреченост, нивните семејства и да ги вклучат во носењето на локалните политики.
-
Македонија 27.09.2025 10:39
Сообраќајот на патиштата се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива без проблеми, дури и по влажни коловози, известува АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од урбаните средини е просечен. На граничните премини од страната на РМВ нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.
-
Македонија 27.09.2025 09:52
В понеделник стартува изборната кампања
Партиите и независните подготвени, в понеделник стартува изборната кампања. Дел од учесниците на локалните, потпишаа кодекс за фер и демократски избори.
-
Македонија 27.09.2025 09:06
Денеска облачно проследено со повремени дождови
Денеска ќе преовладува облачно и разладено време, проследено со повремени дождови. На одредени места, врнежите ќе бидат интензивни и пообилни, со можност за ретки грмотевици. Ќе дува благ до умерен ветер од јужен правец.










