Финишираат подготовките на новиот Кривичен законик. Вчера била одржана средба на работната група и се очекува во првата недела од октомври да биде испратен за мислење – соопшти министерот за правда Јетон Шасивари.
Вести
-
Македонија 23.09.2026 17:17
-
Македонија 23.09.2026 17:03
Случај „Лотарија“: Обвинителството презентира над 230 документи, одбраната оспорува незаконска набавка
Планови за набавки, барања, одлуки, нотарски акти – повеќе од 230 документи презентираше обвинителството за да докаже дека незаконски се купени видеолотариските терминали во државната Лотарија. Овие документи се анализирани и во вештачењето, кое ќе се разгледува на наредните рочишта.
-
Македонија 23.09.2026 16:58
МВР ќе се вклучи во контролата на боледувањата, се подготвуваат построги правила
Полицијата ќе се вклучи во контролата на боледувањата. Министерот Тошковски вели – со години има злоупотреби од вработените и во јавниот и во приватниот сектор.
-
Економија 23.09.2026 16:38
Кредитирањето во август порасна за 13,6 отсто на годишно ниво, депозитите за 9 отсто
Кредитната активност во август продолжи да расте, со месечен раст од 0,7 отсто и годишен од 13,6 отсто, покажуваат податоците на Народната банка. Вкупните депозити се зголемиле за 1,6 отсто на месечно и за 9 отсто на годишно ниво, додека паричната маса пораснала за 1,3 отсто во однос на јули.
-
Македонија 23.09.2026 16:02
Регионалната соработка меѓу обвинителствата во фокусот на конференција за постапување по предмети за воени злосторства во Скопје
Конференцијата ја продолжува традицијата на регионални средби на обвинителските професионалци и обезбедува платформа за размена на искуства, подобра комуникација и зајакнување на практичната соработка и меѓусебната правна помош меѓу обвинителските институции од Западен Балкан.
-
Култура 23.09.2026 15:43
Сулејмани во посета во Анкара
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани во рамки на работната посета на Турција оствари повеќе средби на високо ниво во Анкара.
-
Економија 23.09.2026 15:05
Народната банка и ЕИБ започнуваат изработка на Зелена национална таксономија
Во рамките на Програмата за зелени финансиски системи, Народната банка, во соработка со Европската инвестициска банка, надлежните министерства и институции, започнува со изработка на Зелената национална таксономија.
-
Македонија 23.09.2026 14:51
12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца на интензивна нега
На Инфективната клиника хоспитализирани се 12 пациенти со западнонилска треска, од нив тројца се на интензивна нега и на кислородна поддршка, меѓу нив и пациент кој одамна е хоспитализиран, неговата здравствена состојба е неизвесна.
-
Економија 23.09.2026 14:14
Гентерм одбележа 10 години работа во ТИРЗ Прилеп
Десетгодишното присуство на Гентерм во ТИРЗ Прилеп е пример за континуирана соработка меѓу институциите и странските инвеститори, порача директорот на Дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на одбележувањето на јубилејот на компанијата.
-
Свет 23.09.2026 13:51
Молдавија прогласи 60-дневна вонредна состојба во енергетскиот и хидролошкиот сектор
Молдавија прогласи вонредна состојба во енергетскиот и хидролошкиот сектор во рок од 60 дена.










